Еулекс од денес на Косово
Мисијата на Европската унија – ЕУЛЕКС денеска почнува со преземање на полициските функции на Косово од УМНИК.
| Крсте Голабовски | Свет
еулекс
Мисијата на Европската унија – ЕУЛЕКС денеска почнува со преземање на полициските функции на Косово од УМНИК.
Најавено е дека две илјади европски полицајци, цариници, судии и обвинители, ќе се распоредат на целата територија на Косово, освен во северниот дел на земјата, каде полициските и царинските функции ќе останат под контрола на мисијата на Обединетите нации УНМИК, согласно планот на генералниот секретар Бан Ки Мун.
Кермабон не исклучи употреба на сила доколку тоа биде потребно.
„Мојата работа главно ќе биде следење на советувачкиот дел на мисијата и да придонесам во развивањето на локалните институции… но ако затреба во случај на тешки ситуации јас сум подготвен да ја искористам и извршната сила“, рече шефот на ЕУЛЕКС Ив де Кермабон
Посериозни закани и проблеми на границата кон Косово до овој момент нема, во тамошната безбедноста состојба воопшто не е за потценување, изјави деновиве во Дебар министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкуловска, додавајќи дека Македонија будно го следи развојот на настаните.
Засега не се најавени протести во врска со распоредувањето на Еулекс, ниту од Србите, ниту од Косоварите, кои досега на два пати протестираа против мисијата на ЕУ.
{loadposition content9}