Skip to main content

Се крадат сталаците за испитување на аероседиментно загадување

Се крадат сталаците за испитување на  аероседиментно загадување.

 |  Валентина Неловска  | 
stalak
stalak

Се краде се и сешто па крадците посегаат дури и по сталаците и балоните поставени за мерење аероседиментно загадување. Од пропишаните 4 мерни места во градов  засега функционираат само две. Сталаците се поставуваат на фрекфентни сообраќајни места од каде еднаш месечно се земаат примероци со кои се испитува концентрацијата на честички прашина во воздухот.  Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, од Центарот за јавно здравје, информира дека вакви пунктови за испитување на  аероседиментното загадување биле поставени кај  автобускат станица, кај централната детска градинка            „ Јасна Ристеска“, кај градскиот пазар и во приватен двор во с. Лескоец на ул. Рашанец.  На последниве две локации мерните инструменти ги нема.
aerozagaduvanje
„ Таму се украдени сталакот и балонот, а кај градски пазар на ќошот, со градењето на зградата, нив ги снема. Ние ќе поставиме на 2 други раскрсници мерни единици кои мора да ги имаме во секое време. Сега се три локации,  бараме дозвола за поставување на уште една локација за да се постават на 4 мерни места.“  

Воздухот кој го дишат охриѓани е загаден со честички од прашина, но во дозволените граници.  Мерниот пункт кај централната детска градинка покажува дека тука има највисоко загадување на возухот со прашина, укажува д-р Симоноска. Испитувањата се прават еднаш месечно,  а извештаите се изготвуваат квартално.

„ Во 3 месечниот квартален извештај од 1 април до 30 јуни,  на 3 пати во месецот  количината на аероседиментација била над дозволената максимална концентрација која е 300 мг на метар кубен. Во тој период паѓаа каливи дождови кои го покачија дозволеното ниво“.

сообраќај
Засега се испитува концентрацијата на загаденост на воздухот со прашина, но не и со чад и други хемиски супстанци кои се штетни за здравјето.  Центарот за јавно здравје како и матичниот Институт не поседуваат апарат за мерење на аерозагадувањето. Ваков апарат со  кој се мери хемиската загаденост на воздухот засега го има само инспекторатот при Министерството за екологија, животна средина и просторно планирање, потенцира д-р Симоноска.За да се намали загадувањето од било кој вид д-р Симоноска како специјалист по здравствена екологија укажува на поголема потреба од засадување на зелени површини кои ќе го прочистуваат градскиот водух.

 

{loadposition content9}