Опасни бандери во село Орман
Жителите на село Орман стравуваат од неколкуте надвиснати бандери за пренос на електрична енергија.
| Тања Кувенџиска | Охрид
бандера
Жителите на село Орман стравуваат од неколкуте надвиснати бандери за пренос на електрична енергија.
Пред една недела, поради невреме, за малку била избегната голема несреќа кога две од нив се срушиле над селскиот пат. Мобилни екипи од ЕВН- ЕСМ дошле, но поради презафатеност не го средиле проблемот во целост.
Неколку шупливи и стари бандери за пренос на електрична енергија повеќе од една недела стојат надвиснати над селскиот пат во Орман. Жителите стравуваат дека, поради нивната нестабилност, можат секој миг да се срушат. Раскажуваат дека две од нив, поради невремето минатата недела паднале и за малку била избегната голема несреќа.
На повик на жителите, следниот ден пристигнале екипи на ЕВН- ЕСМ. Ги подигнале бандерите и прицврстиле врзувајќи ги со жици. На жителите им кажале дека немаат соодветна опрема и дека повторно ќе дојдат да го решат проблемот. И по измината една недела, екипите на ЕВН- ЕСМ се уште не се дојдени во Орман да го решат проблемот.
Надлежните во ЕВН- ЕСМ, денес не беа достапни за коментар. Ни беше кажано дека се службено отсутни.

{loadposition content9}