Skip to main content

Детската градинка „Јасна Ристеска“ одбележа 5 децении постоење

Детската градинка „Јасна Ристеска“ одбележа 5 децении постоење.

 |  Валентина Неловска  | 
градинка
градинка

50 години постоење одбележа детската градинка „ Јасна Ристеска.“ Како што доликува на една роденденска прослава градинката јубилејот го прослави со торта, а ансамблот Билјана и присутните во салата  ја отпееа и  роденденската песна. Низ предшколската установа продефилирале бројни генерации деца. Во градинката биле згрижени и поминале дел од своето среќно детство. Установата низ времето постојано се менувала, напредувала и се проширувала просторно и со кадар, а од година во година згрижувала и се поголем број деца. Сегашниот  вршител на должност, директорката, Роза Костоска се наврати во минатото и направи едно кусо резиме за развојот на предшколската образовна и воспитна установа.
градинка
„ На почетокот била формирана  со 50 деца во две групи и 7 вработени. За тој период од 50 години сме проширени на 5 објекти на територија на целиот град. Денес, со објектите во Лескоец и Велгошти, објектите згрижуваат 900 деца во 41 група од кои 7 се јасли, 30 групи со деца од 2 до 6 години, 2 групи со деца од 6 до 10 годишна возраст, и 2 групи на турски и албански јазик“.  

Денес, градот има реална потреба од изградба на нови градинки. Костоска напоменува дека изминатите 50 години ќе бидат репер како понатаму да продолжат со проширување на детската градинка Јасна Ристеска.  За понатамошниот  развојот на преучилишната образовна установа имаат целосна поддршка и од Локалната самоуправа.
градинка
„ Се надеваме дека во иднина овие просторни капацитети ќе ги прошириме и тоа за брзо време. Ќе има простор за повеќе деца од предшколска возраст. Во наредните години нема да чекаме 50 години за да се направат 5 објекти туку ќе се трудиме да се развиваме побрзо“.

Во чест на роденденот и одбележување на патранатот на Јасна Ристеска, децата со помош на своите воспитувачки приредија прекрасен музичко-сценски настап. 230 деца цели два месеци учествувале во подготовка на проектот наречен Охридски времеплов од легендите до денес, со настани и личности поврзани со градот. Преку игра и сценски приказ на детски начин  беа презентирани 11 точки.

градинка

 

Дечињата ги  доловија легендата за настанувањето на Охридското езеро, Самоиловото царстсво, изградбата на манастирите Св. Наум и Св. Климент и др. Во салата Билјанини изврои присуствуваа голем број родители, баби и дедовци, вработени и пензионирани работници од градинката, претседателката на општинскиот совет Гордана Коњаноцска,  претставници од Локалната самоуправа, како и гости од градинките од земјава и збратимените градови Цетиње од Црна Гора и Шабац, Србија. 

 

 

{loadposition content9}