Skip to main content

Петрино се доасфалтира

Конечно ул Петрино доби асфалт по целата своја должина. Дупките и лошата патна инфраструктура станаа минато за жителите од оваа улица.

 |  Николоска Биљана  | 
petrino
петрино

Долгогодишната желба на жителите Петрино да добијат улица по сите стандарди, конечно се оствари. Тие навистина се соочуваа со голем проблем бидејќи нивната улица беше речиси неупотреблива за моторните возила, а пешаците со тешкотии се движеа по неа. Денес конечно Петрино беше доасфалтирана. petrinoГрадоначалникот Никола Бакрачески признава дека рокот за асфалтирање на оваа улица е пробиен поради веќе познатите проблеми кои ги затекнале при раконструкцијата на оваа улица. Но потенцира дека цврсто ќе се држи до принципот, се што ќе се гради, доградува, реконструира и обновува, да биде квалитетно изработено, како и тоа дека асфалтирање на улици нема да се изведува само за време на предизборни кампањи туку тоа ќе има свој континуитет.

„Добивме улица која ги задоволува сите стандарди на која што патната инфраструктура во смисла на водовод, фекална и атмосферска канализација е потполно завршена. Така да на оваа улица извршивме асфалтирање во должина од 400 метри и 4,5 метри ширина поставена е водоводна мрежа во должина од 200 метри така да целокупниот проект чини отприлика 3,5 милиони денари“.

Првиот човек на градот најави дека од денес продолжуваат со асфалтирањето на уште една фаза од улиците на градот, односно се префрлаат на ул Крум Точков. Со овие две улици  завршувал годинешниот план за асфалтирање според програмата на Фондот за комунален развој и сообраќај. petrinoЗа наредната година Бакрачески најави интензиво асфалтирање на голем број улици од градов, околните населени места и во селата. Присуството на градоначалникот на ул Петрино жителите го искористија и за да  постават прашања, главно поврзани за патната инфраструктура. Тие побараа од него да се асфалтираат и неколку кракови од оваа улица како и тоа да се потполнат ударни дупки, за што градоначалникот им вети дека ќе биде реализирано. Исто така граѓаните реагираа за сметките кои ги добиваат од Нискоградба, па запрашаа дали воопшто е поставена атмосферска канализација на улицата. Претставникот од Фондот за комунален развој им појасни дека сметките најверојатно се однесуваат на фекалната канализација додека пак атмосферска канализација не била поставена бидејќи за ул Петрино не бил изработен урбанистички план. Предвидено е изградба на тротоари кога и ќе биде решен проблемот со атмосферската канализација. Исто така жителите бараат поставување на успорувачи на брзина или популарно наречени легнати полицајци бидејќи како што кажаа во ноќните часови се возело многу брзо. Бакрачески на тоа со одговор, дека за тоа ќе биде побарано проценка на стручните служби по сообраќај при Локалната самоуправа.

{loadposition content9}