Нелегален ѕид го затвори помошниот излез на музејот во Струга
Без претходно известување, веќе два дена интензивно се работи на оваа градба а наделжните не превземаат никакви мерки. Директорот на оваа институција укажа на реалната потреба од споредниот влез.
| БилјанаЌосеска | Струга
музеј Струга
Без претходно известување, веќе два дена интензивно се работи на оваа градба а наделжните не превземаат никакви мерки. Директорот на оваа институција укажа на реалната потреба од споредниот влез.
Струшкиот музеј „Никола Незлобински“ узурпиран. Во текот на викендов, претпоставените на градежниот објект на местото познато како „Стара Стружанка“ се подига ѕид прилепен до зградата на музејот. Со тоа бесправно се затвара вториот влез на оваа институција, тврди директорот на оваа институција. Истиот е наманет за излез на посетителите при пожари или други елементарни непогоди. Во овој случај каде излезот е блокиран, истиот не е воопшто корисен, додава директорот.
„Загрозен е текот на нормално движење на луѓето. Секоја ваква институција треба да има влез и спореден излз а сега истиот е блокиран и некорисен“-вели Сашо Цветкоски, директор на Музеј „Никола Незлобински“ во Струга.
Зградата во која се наоѓа музејот е заштитен објект, и неможе кој што сака да прави без претходно да има одобрение за тоа, додава Цветкоски. Со градежните зафати кои се превземаа во текот на изградбата на објектот освен што се уништи фасадата на музејот, оштетувања има и во внатрешниот дел. Од сите страни на ѕидовите има по некоја пукнатина. Првиот човек на „Никола Незлобински“ рече дека со изградбата на соседниот градежен објект, музејот стар 80-тина години, полека се уништи, а за тоа никој не води грижа.
„Ние имавме желба и многу пати сакавме да заеднички да се надминат ваквите ситуации. Оваа национална установа која има посебен режим на заштита, со самото тоа што внатре се чуваат вредни експонати а воопшто не се води грижа за тоа“-додава директорот.
За нелегалниот подигнат ѕид, директорот Цветкоски ги известил градежните инспектори при општина Струга да направат увид и да отценат дали таа градба треба да се руши.
ТВМ стапи во контак со наделжните инспектори кој кратко ни одговорија дека до нив не пристигнало писмено барање за да појдат на лице место, кај горе наведената тврда градба. Ги консултиравме и надлежните од урбанизам, дали за ѕидот кој се подигнува има одобрение, никој од нив не даде одговор. Ја префрлаа одговорноста од еден на друг.

{loadposition content9}