Фудбалерка или фудбалер??
Неколку клубови од женската фудбалска лига на Кореја се заканија со бојкот на првенството ако не се направат тестови за да се докаже дека најдобрата фудбалерка во лигата е женско.
Неколку клубови од женската фудбалска лига на Кореја се заканија со бојкот на првенството ако не се направат тестови за да се докаже дека најдобрата фудбалерка во лигата е женско.
Фудбалерката на сликата е 175 сантиметри високата и 74 килограми тешката напаѓачка од Кореја, Парк Еун-сеон. Таа во дресот на Сеул Сити постигна 19 гола на 22 натпревари и го предводеше нејзиниот тим до втората позиција во лигата. Со нејзините игри, но и нејзиниот изглед таа побуди сомнежи кај ривалите, па шест клубови се заканија дека ќе ја бојкотираат следната сезона ако не и се направат тестови со кои ќе докаже дека е женско.
Една од причините заради која клубовите се сомневаат е фактот што и покрај тоа што 27-годишната фудбалерка е најдобра во лигата, таа не е повикана во репрезентацијата од 2010-та година. Пред почетокот на Азиското првенство таа година, Кинезите се заканија дека ако таа настапи на натпреварите, тие ќе бараат да и се тестира полот. По овие закани, селекторот на Кореја реши да не ја повика во репрезентацијата.
{loadposition content9}