Skip to main content

Најубавото село на светот

Малечкото античко село во југоисточна Полска наречено Залпие е дефинитивно едно од најубавите и најпосететните туристички атракции на Полска, не поради тоа што има хотели со пет ѕвезди, туку напротив, поради малите дрвени колиби, кои се исцртани со различни бои.

Zalpie
Залпие

Малечкото античко село во југоисточна Полска наречено Залпие е дефинитивно едно од најубавите и најпосететните туристички атракции на Полска, не поради тоа што има хотели со пет ѕвезди, туку напротив, поради малите дрвени колиби, кои се исцртани со различни бои.

ZalpieОваа прекрасна традиција започнала пред повеќе од еден век, кога секоја жена од селото започнала да го црта својот дом со цветни мотиви, со кои покривале некои од урнатините на нивните куќи. Бидејќи жените не можеле да цртаат професионално, ниту пак имале професионална опрема, тие ги создавале четките самите, користејќи ја косата од опашката на нивните крави. Како боја ги користиле мастите кои самите ги правеле. Секоја година, сите жени морале да ги прецртуваат нивните симпатични цртежи. Тоа го правеле после празникот Корпус Кристи, кога не беа зафатени со нивната фарма.

Со текот на времето, оваа радосна и уникатна навика се пренесувала од генерација на генерација, а згора на тоа жените пронаоѓале инспирација во природата и локалниот фолклор, па нивните цртежи стануваа и поголеми и пошарени.
Една жена особено станала навистина опседната со оваа традиција. Нејзиното име беше Фелиција Курлујова (1904-1974) и таа ја украсувала секоја површина на нејзината куќа, без разлика на тоа колку била мала и голема. После нејзината смрт, нејзината куќа била претворена во музеј.

ZalpieВо моментов, Залипие се смета за една од најживописните села во Полска. Но, и покрај нејзината убавина и уникатна традиција, Залипие се уште не е доволно познато. Неговото посетување не само што е совршен начин да се избега од бучниот живот во големите градови, туку исто така добар, релаксирачки начин едноставно да уживате во животот и уметноста.Со други зборови, Залипие може да се гледа како масивно сликарство, полно со боја, живот и историја.

Совршено време за посета на ова селце е пролет, бидејќи во текот на оваа сезона уште од 19348 година, селото е домаќин на натпреварот за Најшарена Колиба. Натпреварот започнал после Втората Светска војна, со цел да се прикрие штетата направена од војната. Официјалните податоци покажуваат дека повеќе од 17% од населението на Полска загинале во војната.
 
{loadposition content9}