Skip to main content

Кошмарот наречен стоматолог

Сигурно повеќето од вас имаат страв од машинката на стоматологот, а нејзиното бучење ви создава морници низ вашето тело, меѓутоа она што се случува во мозокот веќе долго време е мистерија.

zabar
забар

Сигурно повеќето од вас имаат страв од машинката на стоматологот, а нејзиното бучење ви создава морници низ вашето тело, меѓутоа она што се случува во мозокот веќе долго време е мистерија.

Сега, научниците од Јапонија веруваат дека се блиску до одговорот после скенирањето на човечкиот мозок додека во позадина се слушаат стоматолошките машинки и инструменти.

Луѓето кои се преплашени од посетата на стоматолог покажале значајни разлики во нивните мозочни реакции, во споредба со оние кои биле порелаксирани, вели истражувањето кое беше претставено на состанокот на Друштвото на невронауката кое се одржа во Сан Диего.

Со откривањето на тоа како мозокот реагира на овие звуци, особено кај повеќето анксиозни стоматолошки пациенти, би можело да им помогне на научниците да ги проценат различните начини со кои можат да им олеснат на пациентите, со тоа што ќе видат како тие ја променуваат нервната активност.

zabar„Како педијатарски стоматолог, сум видел многу пациенти уште од 1987 година, и од моето клиничко искуство сфатив дека звукот на дупчењето на машинката може да предизвика вознемиреност кај пациентите“, вели Хироуки Карибе од Нипон Стоматолошкиот универзитет во Токио.

Работејќи со психијатри, Карибел запрашал 21 жена и 13 мажи на возраст од 19 до 49 години да пополнат анкетен лист со кој се мерел колку се плашат од постетата на стоматолог. Анкетата имала 20 прашања, како на пример: „дали сте напнати за време на посетата на стоматолог?“ „дали се чувствувате вознемирени кога ќе слушенете стоматолошки инструмент“. Волонтерите одговарале на скала од 1 до 5, со 1=воопшто не сум исплашен, а 5=многу сум исплашен.

Тој ги поделил волонтерите на две групи: група со висок страв и група со низок страв според нивните резултати од истражувањето. Потоа, тој им направил fMRI додека им пуштал серија на звуци, вклучувајќи ги и стоматолошките инструменти.

„Сите пациенти беа изолирани во fMRI собата кога слушаа звуци од стоматолошки инструменти, така што не можевме да видиме дали тие одговараа видливо или гласно на овие звуци, меѓутоа нивните одговори можат да се препознаат од нивната мозочна активност“, вели тој.

10% од популацијата чувствува тешка анксиознот во врска со посетата на стоматолог, па голем дел од нив ја одложуваат посетата се додека не имаат забоболка или друг случај.

„Најсилниот предвидувач на болка за време на стоматолошките процедури е стоматолошката анксиозност. Анксиозните пациенти имаа четири пати поголема веројатност да доживеат болка од оние пациенти кои не беа анксиозни“, вели Мартин Такл, професор на стоматолошката јавна здравствена установа на Универзитетот во Манчестер.

„Најпрво што треба да го направиме е да спречиме кариер кај младите деца. Исто така, треба да ја подобриме количината и квалитетот на истражување за тоа како треба да се менаџираат децатата и возрасните кои се стоматолошки анксиозни и како стоматолозите би можеле да искористат докажани интервенции. За посериозни фобични случаи потребно е да се развие база на докази за тоа како би било најдобро да се реагира со овие пациенти, како на пример терапија“, додава тој.

{loadposition content9}