Skip to main content

Започна изградбата на тунелот Лион – Торино

Шест метри широка дупчалка почна да работи на пробивање на тунелот за брза железница, која ќе ги поврзува францускиот и италијанскиот град, Лион и Торино. Дупчењето почна во италијанскиот град Чиомонте.

 |  Голабовски Крсте  | 
tunel
тунел

Шест метри широка дупчалка почна да работи на пробивање на тунелот за брза железница, која ќе ги поврзува францускиот и италијанскиот град, Лион и Торино. Дупчењето почна во италијанскиот град Чиомонте.

Последната фаза на овој проект претрпе низа одлагања, а известени се само италијанските и француските власти, како и медиумите, за да се избегнат насилни демонстрации.

тунел„Влеговме во фазата на пробивање и сега нема враќање”, вели Пјеро Фазино, градоначалник на Торино.

Локалните жители и активистите за заштита на околината се противат на овој тунел, нарекувајќи го прескап и беспотребен. Европа ќе покрие 40 отсто од 8,5 милијарди евра, потребни за изградба на 57 км тунел, Италија ќе плати 2,9 милијарди, а Франција 2,2 милијарди евра.Првите 200 метри од помошниот тунел се ископани со помош на машини, а работниците очекуваат дека дневно ќе напредуваат по седум до дсеет метри.Помошниот тунел ќе биде искористен за подобро проучување на составот на карпите, но и како пристапен пат до главниот тунел. Долгорочно, ќе послужи за вентилација и како излезен тунел.

„Брзата железница меѓу Лион и Торино има тројна вредност: европска, економска и еколошка”, вели Луј Бесон, предводник на француската делегација.

Железницата би требало да почне да работи во 2025 година, а се очекува годишно да се намали бројот на камиони на патиштата за еден милион, а секако ќе се скуси и патувањето од Милано до Париз, од седум на четири часа.

{loadposition content9}