Skip to main content

Околу 830 илјади деца во светот годишно се жртви на несреќи

Околу 830 илјади деца во светот годишно стануваат жртви на несреќни случаи, се предупредува во извештај изработен од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.
Според истражувањето главна причина за смртните случаи кај децата на возраст од 0 до 19 години се несреќите.

 |  Крсте Голабовски  | 
dete
дете
Околу 830 илјади деца во светот годишно стануваат жртви на несреќни случаи, се предупредува во извештај изработен од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.
Според истражувањето главна причина за смртните случаи кај децата на возраст од 0 до 19 години се несреќите.

Експертите, кои три години работеле на изработка на оваа студија, што е прва статистика од ваков вид, нагласуваат дека годишно околу 260 илјади деца го губат животот поради давење, 175 илјади деца годишно умираат поради изгореници, 96 илјади како последица на пад од височина, повеќе од 46 илјади поради труење.

decaКај децата од девет години па нагоре главна причина за смртта се токму несреќите, а потоа следат инфективните болести, неухранетоста и војните.Според екпертите социјалниот фактор игра голема улога, со оглед на тоа што 95 проценти од жртвите се од земјите во развој, а во богатите држави најголем дел од жртвите се меѓу сиромашното население.

Во Африка има најголем процент на деца жртви на несреќи, 19,9 на секои илјада деца, а потоа следат источниот дела на Средоземноморскиот регион, Западниот Тихоокеански регион и Југоисточна Азија.Изгорениците, како причина за смртта кај децата е најчесто забележана во Југоисточна Азија и на Блискиот Исток, покажуваат податоците од извештајот.

 

 

{loadposition content9}