Дневниот центар „Зраци“, се бори за опстанок
Дневниот центар на лицата со интелектуална попреченост „Зраци“ од Охрид се соочува со кадровски проблем. Иако во овој центар се води грижа за 15 лица со интелектуална попреченост сеуште работниот статус на социјалниот работник и дефектологот не е решен. И двајцата,12 години работат со оваа посебна група како времено ангажирани.
Згрижувањето на децата со интелектуална попреченост во Охрид, е процес полн со предизвици. Денес во посета на дневниот центар „Зраци“, беше првиот човек на општина Охрид д-р. Никола Бакрачески. Целта на посетата беше градоначалникот лично да ги види условите за работа во овој центар и да ги слушне нивните проблеми и потреби. Орхидеа Топенчарова мајка на дете кое го посетува центарот, вели дека во моментов самите родители го финансираат центарот, додека пак УНДП го плаќа надоместокот за двете ангажирани лица. Родителите бараат Министерството за труд и социјална политика да го реши работниот статус на дефектологот и социјалниот работник.
„Како родители сме загрижени воопшто за вработувањето на ангажираните лица, значи за тие што го основаа овој центар, дефектологот и социјалниот работник, за нас тоа е приоритет, бидејќи тие доколку ќе издржат со 6 000 уште 6 месеци, и до кога, најважно ни е нивното вработување“-изјави Топенчарова.
Потребата на дневниот центар од кадар кој ќе работи со оваа сензибилна група деца е воочена од градоначалникот Никола Бакрачески. Тој потенцира дека Локалната самоуправа во рамки на проектот за социјална енклузија на УНДП заедно со МТСП и Агенцијата за вработување на Р. Македонија направи напори за ангажирање на дополнителен кадар. Притоа се водело сметка да се ангажирраат лица кои што подолго време чекаат работа или се самохрани родители.
„Ние тоа и го направивме, едно од техничките лице е самохран родител на дете со посебни потреби кои што се ангажирани за нормално функционирање на дневниот центар. Тие ќе бидат ангажирани во наредните 6 месеци започнувајќи од 1 ноември до 30 април 2014“- вели Бакрачески.
Дефектологот Зоран Костадиноски вели дека покрај тоа што Центарот се соочува со проблеми на дневна база, ентузијазмот кај лицата кои работат во него е голем, целта од постоењето на центарот е уште поголема. Токму затоа потребна им е континуирана силна поддршка од задницата.
„Ако ме прашате за кратки чекори прво ќе ви речам значи да го решиме проблемот, значи родителите носта храна во дневниот центар, мислам дека е ред секојдневното функционирање два оброци храната да ја набавиме континуирано да најдиме начин да го решиме тој проблем. Вториот проблем кој што е најголем е вработување на лицата кои што се овде затоа што еден од условите за да работи овој дневен центар е вработување на тие лица. И нормално стоење на Локална самоуправа на институција зад ваков тип на сервисни служби затоа што само тоа е гаранција на континуираноста на работата на ваков тип на сервисни служби“– изјави Костадиноски.
Од дневниот центар „Зраци“ градоначалникот денеска доби подарок мозаик изработен од штитениците на центарот но и список со нивните потреби. Бакрачески вети дека во дел од нивните барања ќе одговорат со средства од Локалната самоуправа, а во текот на наредните недели ќе се ангажира да го доведе Министерот за труд и социјална политика во овој центар со што на еден подобро координиран начин би овозможиле подобро функционирање и опремување во иднина.
{loadposition content9}