Жителите на Речица бараат санирање на ископувањата на патот кој води до селото
елат дека ископите на патот биле направени од страна на службите на А.Д ЕМО од Охрид при санација на дефект на службениот водовод на оваа охридска фабрика. Од ЕМО ги потврдуваат овие информации, децидни дека проблемот ќе биде надминат и патот целосно саниран.
Трикилометарскиот пат кој води до селото Речица ископан на неколку места и оставен несаниран. Жителите на ова охридско село информираат дека прекопите на патот биле направени од страна на службите на А.Д ЕМО од Охрид при поправка на службениот водовод на охридската фабрика кој во најголемиот дел минува точно под патот кој води до селото. Речани бараат што поскоро санирање на асфалтниот пат, за кој велат дека жестоко се бореле да го добијат пред повеќе од 15 години.
„Да го санираат патот, да го донесат во првобитна состојба со крпење на дупките со асфалт, нормално тоа не е голем зафат, и во иднина да си планираат добро каде им е дефектот и што му е. Тие на пет места отворија дупки, не знаеја каде им е дефектот и само си го копаа патот како да им е дома во бавчата и ништо не презедоа активности да се санира, а ветија дека како што го копаат, ќе го санираат. Ништо од тоа не испадна.“-вели Сребре Велјаноски, жител на с.Речица.
Стапивме во контакт и со менаџментот на А.Д ЕМО од Охрид. Генералниот извршен директор, Зоран Филоски негира дека не било преземено ништо.
Тој во телефонски разговор ни кажа дека веднаш по отстранувањето на дефектот на нивниот водовод им предложиле на мештаните да го санираат патот со појачан армиран бетон, кој предлог бил одбиен од нив, и било побарано санацијата да се изврши исклучиво со асфалт.
„Доколку прифатеа армирано бетонско санирање, досега местата ќе беа санирани, но во контакт сме со градежната фирма „Илинден“ од Струга, кога ќе имаат значи се со цел самиот зафат да чини поефтино, кога ќе имаат дотур на асфалт поблиску до таа локација, ние ќе извршиме санирање на тие дупки. Во постојан контакт сме, самиот проблем не е заборавен и ќе се реши. Не би можел да прецизирам датум. Јас во повеќе наврати им пренесов дека тоа мора да се реши со оглед на тоа дека на тој зафат ние интервениравме.“-рече генералниот извршен директор на А.Д ЕМО од Охрид, Зоран Филоски.
За да се спречи некое идно вакво прекопување на патот, речани дури предлагаат и порадикално решение, односно дислокација на водоводот кој поминува под локалниот пат, додека пак од А.Д ЕМО велат дека тоа е водовод кој го користи не само нивната фирма туку и поголемиот дел од селата кои гравитираат во тој реон. Што се однесува до санацијата на ископините на патот, едно е јасно, а тоа е дека изведувачот на работите има законска обврска, патот на местото на прекопите да го врати во првобитната состојба.
{loadposition content9}