Е ова е музеј !
Во провинцијата на Парма, Италија да, местото од каде што доаѓа шунката, постои еден навистина невообичаен музеј.
Во провинцијата на Парма, Италија да, местото од каде што доаѓа шунката, постои еден навистина невообичаен музеј.
Еторе Гуатели Музејот е архива на повеќе од 60.000 артефакти кои сведочат за животот и работата на мажите и жените, мајсторски уредени во прекрасен стар земјоделски имот.
Сè, од алатки, играчки, кујнски производи, музички инструменти, илјадници кутии, часовници и многу повеќе. Собирачот кој воедно и се грижи за овие предмети е самиот г-дин Гуатели, кој целиот живот живеел на овој имот.
Живописниот комплекс моментално го води приватна фондација која ја одржува неговата страст преку грижата за овие секојдневни предмети.
Гуатели еднаш рекол: „Ова се скромни работи, секако, меѓутоа некои од нив се неверојатно генијални, поетски во нивната скромност и прекрасност. Тоа ве тера да сакате да знаете кој бил таму и кој стои позади нив. Ве тера да сакате да знаете на кој начин и под кои околности биле користени овие предмети“.
{loadposition content9}