Oхриѓани со поделени мислења за наградната игра со фискалните сметки
Oхриѓани со поделени мислења за наградната игра со фискалните сметки.
Стан и дуќан, автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори. Ова се наградите за граѓаните кои ќе соберат и испратат фискални сметки за наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави мотивација на граѓаните и зајакнување на фискализцацијата во земјава. ТВМ на терен ги слушна размислувањата на граѓаните поврзани со наградната игра.
Oхриѓани со поделени мислења за наградната игра. Едни гледаат блгонаклоно, други се скептични кога станува збор за наградните игри.
Владата, пак, со оваа мерка очекува да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки онаму каде што пазарат и добиваат услуги. Со собрани 20 фискални сметки може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Станот и дуќанот ќе бидат доделени на крајот од наградната игра и ќе учествуваат учесниците од сите кола.
Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“, како што информира Ставрески, ќе биде Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.
{loadposition content9}