Доаѓаат „супер кондомите“
Суперматеријалот графен, за чие пронаоѓање научниците Андре Геим и Константин Новоселов добија Нобелова награда, ќе биде користен за производство на потенки и посилни кондоми кои би требало да бидат попријатни и побезбедни за употреба.
Суперматеријалот графен, за чие пронаоѓање научниците Андре Геим и Константин Новоселов добија Нобелова награда, ќе биде користен за производство на потенки и посилни кондоми кои би требало да бидат попријатни и побезбедни за употреба.
Тим научници од Универзитетот во Манчестер, со помош на графен, развил нов композитен материјал кој кога ќе се комбинира со латекс овозможува кондомите да бидат посилни, потенки и побезбедни, што евентуално би овозможило поголемо уживање за време на сексуалниот чин.
Графен е материјал што е екстремно тенок и лесен, а истовремено е силен, издржлив и спроведува електрицитет. Докторот Аравинид Виџајарагаван од Универзитетот во Манчестер е уверен дека овој материјал успешно може да се примени во производството на кондоми, кои значително би биле полесни за употреба. За овој проект, тој добил донација од 100.000 долари од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, која се бори против различни здравствени проблеми присутни во земјите во развој. Донацијата треба да ги поттикне научниците со нова технологија да создадат кондоми кои се попријатни за користење со надеж дека тоа ќе ги мотивира луѓето да ги користат почесто и на тој начин да се спречи ширењето на ХИВ вирусот и останатите сексуално-преносливи болести, како и појавата на несакана бременост.
Доколку овој проект успее, графенот, за кој претходно се сметаше дека ќе се применува во високата технологија, ќе биде дел од нашите животи и тоа користен на најинтимниот можен начин, смета доктор Виџајарагаван, пренесува Telegraph.
{loadposition content9}