Skip to main content

Локален совет за превенција во Струга

Тој ќе се состои од неколку членови, а со него ќе заседава градоначалникот Рамиз Мерко.   ОБСЕ очекува со работата на ова тело   Струга ќе биде уште побезбеден град  за живеење.

 |  Билјана Ќосеска  | 
OVR Struga
ОВР Струга
Тој ќе се состои од неколку членови, а со него ќе заседава градоначалникот Рамиз Мерко.   ОБСЕ очекува со работата на ова тело   Струга ќе биде уште побезбеден град  за живеење.

Струга е безбеден град, тврди првиот човек на општината Рамиз Мерко. Вели, горд е што е намален бројот на инциденти во градот, во голема мера е елиминиран криминалот и проституцијата.

Надминати се меѓуетничките конфликти, кои беа помеѓу средношколците, а со тоа се надеваме дека Струга е на врвот на државно ниво како безбеден град за живеење, додаде градоначалникот. Од МВР велат дека така  може да остане и понатаму,  само доколку соработката помеѓу службите на централно ниво и оние на локално биде на високо ниво. Истакнаа дека се благодарни на соработката со локлната самоуправ, и на тој начин  заеднички се создава безбедност во овој регион.

sostanokЗа таа цел, во Струга се отвори „Локален совет за Превенција“. Тој ќе биде тело составени од повеќе влијателни факлтори во една заедница. Ги вклучува политичарите, дрвжавните и локалните служби, граѓанскиот сектор како и невладините организации, верски заедници како и локални медиуми. Главната улога во раководењето на овој совет ја има првиот човек на градот.

„Градоначалникот заседава со локлниот совет за превенција. Тој има два главни  советника-Началник на полициската станица и Јавниот Обвинител кој е надлежен за тој регион“-вели Хана Шнајдрова, полицики советник при ОБСЕ.

Таа ги пренесе искуствата од странските земји во кои е функционира ваков совет. Рече дека ефектите се позитивни и оти за тоа потребна  е  пред се соработка на релација локална-централна власт и граѓанскиот сектор. Струга е меѓу првите општини во државава која ја прифати соработката со ОБСЕ за поголема безбедност во градот. На кој начин и од кога започнува со работа овој Локален совет за превенција  ќе одлучи градоначалникот.

 

 

{loadposition content9}