Skip to main content

Општината ја објави новата систематизација на работни места

Општината ја објави новата систематизација на работни места.

 |  Валентина Неловска  | 
sistematizacija
sistematizacija

Сите 266 државни службеници кои се дел од општинската администрација ќе останат на работа. Ова го тврди Димитар Спасески, секретарот на општината, по  објавата на новата систематизација на работни места.  Иако општината е со пренатрупана државна администрација сегашното раководство ќе им даде шанса за работа на сите вработени, вели секретарот на Локалната самоуправа.  Од систематизацијата,  Локалната  очекува поквалитетна работа на општинската администрација.  
sistematizacija
„Ефектите за кои ме прашавте, очекувам да се многукратни. Прво за граѓаните за општина Охрид да добијат поквалитетни услуги, да добијат државни службеници кои ја разбираат работата и второ систематизацијата, мене како секретар  ќе ми овозможи да имам подетален увид во работата на државните службеници при идните оценувања“.     

Во врска со коментарите дека сега има повеќе раководители на одделенија во секторите споредено со порано, Спасески  укажува дека претходната систематизација ги кочела државните службеници во извршување на специфичните работни задачи во интерес на граѓаните. Со новата систематизација ќе се овозможел подобар увид во тоа кој службеник колку сработил во неговиот делокруг на работа, се врши еден вид децентрализација внатре во секој сектор.

„ Систематизацијата претходно ми правеше  проблем околку практичното спроведување на работата на секој државен службеник. Со цел оценката која ќе ја добива во тек на 6 месеци да е релевантна и да ги одразува нивните  квалитети и постигнати резултати. Од тие причини одлучивме работата во определени сектори, каде ценевме дека работата е прецентрализирана и преструктуирана, да ги поделиме секторите, да им дадеме нова суштинска идеја на вработените и простор за докажување во делот кој е нивен предмет на интерес“.

 Систематизацијата  е менлива категорија и се прилагодува согласно потребите за работа во рамките на институцијата, посочува Спасески. Сепак со вака испланирана  систематизација ќе им дадеме  време на вработените да се приспособат на новиот начин и услови за работа, укажува општинскиот секретар Димитар Спасески.

{loadposition content9}