Skip to main content

Кукли за болните деца

Детска креативност, хуманост и солидарност изразена со изработка на кукли од природни материјали. 400 деца од Охрид се вклучија во големиот проект „Прегратка на дар“. Трета година по ред во соработка со „битолското чупе“, подароците изработени од вештите детски раце стигнуваат до нивните болни другарчиња  за новогодишните празници.

 |  Николоска Биљана  | 
bitolsko
битолско

bitolskoВо малите раце е магијата за оздравување на болните другарчиња. Караванот „Прегратка на дар“ и годинава пристигна во Охрид. Овој пат го посети клонот „Билјана“, на детската градинка Јасна Ристеска. Малите вешти рачиња на децата од оваа градинка од длабочината на свото детското срце изработија кукли, со желби за оздравување на своите болни другарчиња. Денес нивните  мали ремек дела ги предадоа на организаторите на овој проект, претставниците на Прегратка на дар, со што се приклучија кон големата акција која што се спреведува за новогодишните празници.

„Децата од градинките да ги образовами и научиме на хуманост, емпатија, другарување, солидарност, преку изработка на рачно изработени играчки кои што ќе ги подариме на болните дечиња во болниците, кои што преку практична работа ние ќе ги научиме да се изградат како подобри личности. Другата цел е што ќе ги израдуваме болните дечиња во болниците за новогодишните празници ќе им покажеме дека не се сами дека другарчињата едвај чекаат да се вратат на другарувањето“ – вели Емилија Чуровска, проектен менаџер на акцијата „Прегратка на дар“.

bitolskoВештините, знаењата и умеењата се стекнуваат од мали нозе односно од третата до шестата годишна возраст, изјави директорката на градинката Розе Костеска.

„Ние во градинките се вклучуваме во сите можни активности кои што можат децата да ги направат со нивните способности зависно од нивната возраст. Ги учиме да бидат хумани од најмали нозе што значи дека хуманоста треба да трае за цел живот. Во овој проект за изработка на кукли од секакви материјали се вклучени околу 400 деца од средната група од 4 годишна возраст и децата од големите групи и од продолжен престој“– нагласи Костеска.

Караванот „Прегратка на дар“ и битолската млекара БиМилк и годинава ја спроведуваат најтоплата хуманитарна акција во земјава, во која се вклучени речиси сите градинки од земјава. Децата добија по една сликовница, а воедно низ игра и дружба одлично се забавуваа со претставниците на караванот „Прегратка на дар“ и „битолското чупе“, амбасадорот на акцијата.

{loadposition content9}