Рони Ракетата, дрогата, алкохолот и снукерот
Светскиот снукер шампион, Рони (Ракетата) О’Саливен тврди дека снукерот му сметал во пијанчењето и дрогирањето и едвај чекал да завршат првенствата за да може да се направи „крш”.
Светскиот снукер шампион, Рони (Ракетата) О’Саливен тврди дека снукерот му сметал во пијанчењето и дрогирањето и едвај чекал да завршат првенствата за да може да се направи „крш”.
Легендарниот О’Саливен објави автобиографија во која ги опишува и контроверзните моменти од неговата кариера поврзани со алкохол, дрога и депресија.
Тој тврди дека и покрај тоа што во приватниот живот имал проблеми, неговата професионална кариера била брилијантна и не му пречеле пијанствата и дрогирањето заради кои загуби и една титула.
„Се сеќавам дека едвај чекав да заврши секое Светско првенство за да завршат и тестирањата за дрога, па да можам целосно да се издрогирам”.
О’Саливен дури и ја загуби титулата во 1998-та година откако беше позитивен на канабис.
„Еднаш ме фатија, но толку. Ме тестираа и помеѓу натпревари, но се успевав да го проценам периодот за да немам дрога во крвта, но си ја предизвикував среќата”.
Тој пиел по 15 пива и пушел канабис, но тврди дека дрогата и алкохолот му ги подобриле вештините и помогнале во кариерата.
По посетите на центри против завнисности, тој сега има нова зависнот – трчање. За него трчањето во моментов е поважно и од снукерот.
„Имаше период кога не бев загрижен за Светското првенство колку за трчањето и подобрувањето на мојот рекорд се додека не истрчав 10 километри под 34 минути”, пишува О’Саливен во својата автобиографија.
Во неговата кариера О’Саливен има остварено 11 максимални брејкови со 147 бода
{loadposition content9}