Skip to main content

Библиотеката и Охридско лето ќе ги трампаат просториите

Библиотеката и Охридско лето ќе ги трампаат просториите

 |  Валентина Неловска  | 
biblioteka
biblioteka

Националната установа градската библиотека „ Григор Прличев“ конечно ќе се прошири во нови простории. Со одлука на владатата, деновиве библитеката ги доби просториите во кои сега е сместен  Фестивалот Охридско лето. Со новите 310 метри квадратни и постечките 320 метри квадратни или вкупна површина од 630 м квадратни ќе се задоволат стандардите кои треба да ги има една современа библиотека, информира директорката на оваа институција Александра Белеска.
Со ваквото решение библиотеката ќе добие една просторна целина во кој ќе биде сместен библиотечниот фонд од 160.000 единици книжен фонд, напоменува Белеска.     
biblioteka
„ Библиотеката ќе ги добие просториите каде што сега функционира Охридско лето и ќе се прошири. Охридско лето пак ќе оди во  просториите  кои лани и беа доделени на библиотеката.“

Минатата година, Министерството за култура на библиотеката и ги одреди просториите на поранешната туристичка агенција Путник, сопственост на ЈП за стопанисување со јавен и деловен простор. Овде требаше да биде сместен книжниот фонд од детскиот оддел. Сега со размената овие простории ќе се прилагодуваат за потребите на  Фестивалот. Охридско лето го застапува ставот дека тие не се класична администрација.
ох лето
„ Нашата работа е надвор,  врзана e со сценски простори и со изведба на настани. Согласно стратегијата која ја имаме за работа на установата цела  година за нас се потребно што повеќе простори да се создадат во  Охрид за да може нашите идеи, планови и концепти да ги реалзираме. Кога ќе се создадат услови, да се направи една  сцена повеќе, уште еден простор повеќе каде ќе може да се реализираат изложби и мултимедијални проекти, ние тоа многу го поддржуваме, затоа што со тоа  ни се создаваат повеќе можности да сработиме.  Просторот  во Путник е соодветен на потребите на Охридско лето. Ние не сме администрација може да се собереме и во две канцеларии и убаво д а сработиме, но не се две канцеларии туку добивме простор како и овој што го имаме“.

Од двете  институции не сакаат да нагаѓаат околу временската рамка кога ќе се случи примо-предавањето на просториите. Директорките Белеска и Јанкулоска  напоменуваат дека пред нив претстојат предлог проекти за санација и адаптирање на условите и потребите на двете установи, па дури потоа ќе следуваат тендери и обезбедување на средства. 

{loadposition content9}