Охридските такси превозниците имаат проблем со такси стојалиштата во градов
Охридските такси превозниците немаат пролблем со англискиот, но затоа имаат проблем со такси стојалиштата во градов. Нивните забелешки во врска со новите законски измени во врска со такси превозот денреска ги слушна Градоначалникот Бакрачески.
Такси превозниците во градов се жалат дека има мал број на такси постојки, а голем дел од оние кои се одредени од страна на општината не се функционални. Тие се загрижени поради новите измени во Законот за превоз во јавниот сообраќај бидејќи со нив е предвидено превозникот односно возилото да стои исклучиво на авто такси стојалиште определено од општината и тоа во случај кога е празно, односно кога нема патници или најавен повик за земање патник. Доколку не се почитува оваа одредба следуваат високи казни. Ако два пати исто возило се затекне да е паркирано на несоодветно место тогаш му се одзема лиценцата и тоа не на возачот туку на возилото. Дел од таксистите реагираа дека тоа не е воопшто во ред бидејќи возачот е тој кој го прави прекршокот и тој треба да биде санкциониран а не возилото.
За овие забелешки знаат во локалната. Баравме да се изнајдат нови такси постојки каде ќе се избегнат тесните грла во сообраќајот. На пример кај кружниот тек на плоштад имаше такси постојка, а потоа без ние да знаеме истата е забранета. Ако овој простор не можеме да го користиме на лето барем да го користиме во зимскиот период, вели Сашо Попдоневски, претседателот на независниот синдикат на такси превозниците.
Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари средба со такси превозниците од градов со цел да ги слушне нивните забелешкиза законските измени во такси превозот. Тој вети дека заедно со соодветните служби сериозно ќе ги разгледаат сите забелешки на таксистите и ќе изнајдат соодветно решение. Бакрачески потенцираше дека ако треба ќе се одржат уште неколку состаноци, но до наредната туристичка сезона ќе се решат проблемите со кои се соочуваат такси превозниците се со цел обезбедување поквалитетен такси превоз во градов. Градоначалникот се осврна и на уште една новина во Законот за јавен превоз, а тоа е поседувањето сертификат за завршен прв степен за познавање на англискиот јазик кој до 2017 год. треба да го има секој таксист.
Бидејќи Охрид е туристички град неминовно е таксистите да знаат англиски јазик. Во летниот период имаме странски гости кои ги користата такси услугите па треба да знаеме како да ги опслужиме, рече Градоначалникот Никола Бакрачески.
Трошоците за обуката на таксистите за англиски јазик ги покрива Министерството за транспорт и врски во соработка со Локалната самоуправа. Такси превозниците се согласуват со ваквата законска обврска. Тие рекоа дека голем дел од нив и сега знаат да се користат со англискиот јазик, но додадоа дека не е на одмет да се научи и нешто повеќе. И тие и градоначалникот беа оптимисти дека со помош на ваквите состаноци ќе се надминат проблемите и ќе се донесе една заедничка платформа за успешно делување.
{loadposition content9}