Skip to main content

Нема алкохол за австралиските олимпијци

Олимпискиот комитет на Австралија (АОК) денеска донесе одлука да им забрани на спортистите кои ќе ја претставуваат оваа земја на ЗОИ во Сочи, консумирање алкохол за време на нивниот престој во Олимпиското село.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Олимпискиот комитет на Австралија (АОК) денеска донесе одлука да им забрани на спортистите кои ќе ја претставуваат оваа земја на ЗОИ во Сочи, консумирање алкохол за време на нивниот престој во Олимпиското село.

Во соопштението од АОК се наведува дека олимпијците ќе можат да се напијат само по една до две чашки надвор од Олипиското село и при тоа ќе мора да внимаваат на нивното одговорно однесување.

maratonki– Со оваа одлука сакаме Австралија да се претстави достоинствено на Игрите во Сочи, изјави Јан Честерман кој ќе ја предводи австралиската делегација на Олимпијадата во Русија.

Австралија на Летните олимписки игри во Лондон минатата година остави најлош впечаток во изминативе две децении што предизвика низа негативни реакции во јавноста која ја обвини својата репрезентација дека парите на даночните обврзници ги трошела на забави и проводи, а не на постигнување што подобри резултати.

Критиките најмногу беа насочени кон пливачите кои беа обвинети за опивање, а најголемиот срам за Австралија ги приреди веслачот Џош Бут кој беше приведен од британската полиција поради кршење излози во алкохолизирана состојба.

{loadposition content9}