Православните христијани денес го започнаа Божиќниот пост
Православните христијани денес го започнаа Божиќниот пост.
За православните христијани од денес започнува Божиќниот пост. Верниците во следните шест недели, во чест на раѓањето на Господ Исус Христос, ќе се воздржуваат од консумирање на мрсна храна, телесни задоволства и ќе се молат пред Бога. Постите се востановени во рајот , Бог им дал на луѓето забрана да не јадат од дрвотозаз познавање на доброто и злото.Ако тогаш постот им бил потребен на првите луѓе во рајот колку ни е потребен на нас луѓето во ова денешно време , укажува отец Ѓорѓи Блажески.
„ Целта на Божиќните пости, но и на останатите пости е очистување на човечката душа и тело. Распнување на огревовениот стар човек и дозволување да ја примиме благодата на светиот дух во нашата душа. Да дозволиме нашето тело да стане вистински храм на светиот дух тоа е можно преку постот како покајание од длабочината на душата, молитвата, искрените силни молитви кон Бога и причеста кон светиот путир“.
40 дневниот пост е пропрaтен со телесно воздржување од храна, но позначајно е и духовното постење, пропратено со покајание. Постот е за здравите луѓе, така налага светата Црква. Болните ќе бидат поумерени во примањето храна што значи како што налага телесното здравје таква ќе биде и тежината на постот во согласност со духовниот отец, вели отец Блажески. Во однос на постот отецот потсетува и на правилата кон кои треба да се придржуваат верниците.
„ В понеделник, сред и петок се пости без масло, во вторник и четврток се употребува масло, а во сабота и недела зејтин и риба. Во тек на цел пост само во поголемите празници , на пример како што е Воведение на пресвета Богородица се употребува масло, риба и вино. Верниците кои се потполна можност да го испостат постот додека за болните ќе има олеснување“.
Отец Ѓорѓи Блажески напоменува дека охриѓани ги постат сите 4 пости во годината. Постои интерес кај нив, доаѓаат и прашуваат на кој начин да постат, но околу Велигденските пости е поголема бројката што се придржуваат кон постот. Постот е пропратен и со тајна исповед, која исто така е прифатена од верниците, нагласува отец Блажески.
{loadposition content9}