Се случи првото убиство на полиција во Исланд
Убиениот 59-годишен маж пукал од сачмарка во својот стан на истокот во главниот град Рејкјавик. Од полицијата изразиле сочувство до семејството на убиениот. Се истражуваат неговите мотиви.
Убиениот 59-годишен маж пукал од сачмарка во својот стан на истокот во главниот град Рејкјавик. Од полицијата изразиле сочувство до семејството на убиениот. Се истражуваат неговите мотиви.
Вчера за прв пат во историјата на Исланд полицијата во вооружена акција убила човек. Убиениот 59-годишен маж пукал од сачмарка во својот стан на истокот во главниот град Рејкјавик. За да го совладаат, полицајците низ прозорот фрлиле солзавец. Кога влегле во зградата почнал да пука кон нив, по што го застрелале, пишува BBC.
Во акцијата учествувале од 15 до 20 полицајци кои на употреба на солзавец се решиле откако мажот одбил да комуницира и продолжил да пука. Кога влегле во станот, двајца припадници на специјалните сили биле ранети, еден во лице, а другиот во рака. Напаѓачот, кој починал веднаш по пристигнувањето во болница, бил сам, а се’ уште не се познати неговите мотиви.
“Полицијата жали за овој инцидент и сака да изрази сочувство до семејството на загинатиот”, изјавил за новинарите исландскиот шеф на полицијата, Харалдур Јоханесен.
За време на акцијата биле евакуирани соседите, за кои се мислело дека се во опасност.
Инаку, Исланд има околу 332.000 жители и’ e меѓу земјите со најниска стапка на криминал. Инциденти кои вклучуваат пукање се реткост.
Во тек е истрагата која ќе се обиде да открие зашто мажот се решил на таков чин.
{loadposition content9}