Која е математиката на попустите?
Веројатно најважниот финансиски и економски дневен весник во светот ја објаснува математиката на огромните попусти што продавниците ги даваат на Црниот петок. Клучен збор – просек.
Веројатно најважниот финансиски и економски дневен весник во светот ја објаснува математиката на огромните попусти што продавниците ги даваат на Црниот петок. Клучен збор – просек.
Општата претпоставка дека попустите се начин на кој продавниците се отарасуваат од вишокот залиха / стара роба е комплетно погрешен. Наместо краен чекор, попустите се прв чекор во договарање на цената со производителот.
“Продавачите со своите снабдувачи договараат почетни цени, кои после сите снижувања ќе донесат профит колку што тие од старт сакале да имаат…
Снабдувачот на продавницата и го продава џемперот по цена од 14,50 долари. Џемперот во продавницата добива малопродажна цена од 50 долари. Неколку џемпери се продаваат по оваа цена, меѓутоа далеку повеќе се продаваат по првото снижување од 50 на 44,99 долари. Најголемиот дел се продава по снижување на цената на крајниот попуст од 21,99 долари. На крај математиката излегува дека во просек продажната цена на џемперот била 28 долари, што значи дека продавницата работела со маржа од 45%.” објаснува Вол Стрит. Иако во почетните фази високите цени и штетат на продажбата, тие до крајот на циклусот се претвораат во здрава математика бидејќи целата залиха им се троши, а тие и во ниту еден момент не одат под маржата која ја пресметале дека им е потребна.
“Кога ќе стигне производот на попуст таа е неговата нормална цена, или цена по која продавачите очекуваат дека нивниот производ ќе го снема од рафтовите. Наместо да даваат попусти за да ја чистат својата резерва во последен момент, продавачите работат на одржување на просечна цена на производот, која ќе биде далеку пониска од почетната цена,” пишува Атлантик Вајр.
{loadposition content9}