Skip to main content

Опасно или не, пази куче!!!

На влезната врата секој сопственик на куче треба да постави табла со која се укажува на присуство на куче, без разлика дали е опасно.

kuce
куче

На влезната врата секој сопственик на куче треба да постави табла со која се укажува на присуство на куче, без разлика дали е опасно.

Kучето на јавно место задолжително мора да се води со подводник, а ако е опасно, мора да носи и корпа преку устата, освен на специјални места, како паркови за миленици, каде што кучето може слободно да трча во присуство на сопственикот, ова се новите измени и дополнувања на Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) на Законот за благосостојбата на животните, со кој, меѓу другото, пишува Дневник

Без подводник може да одат само ловечките кучиња за време на лов и овчарските додека го придружуваат стадото. За да имаат сопствениците каде да ги истрчаат кучињата, општините и Градот Скопје се должни да определат временски периоди и соодветно означени јавни површини за таа намена. Законот пропишува и дека сопствениците не смеат да ги напуштаат домашните миленици.

табла– Врз милениците е забрането да се вршат хируршки интервенции за модифицирање на изгледот, скратување на опашката и потсекување на ушите, девокализација, отсекување канџи и обеззабување – се вели во законот.

Прв пат кај нас ќе се формира регистар на опасни кучиња, кои ќе се прогласуваат врз основа на одредени критериуми или расни карактеристики.

– Ако некој сака да чува опасно куче, треба да исполни одредени услови. Мора да го чува во заграден простор или врзано, а при движење, освен подводник, задолжителна е и маската. Малолетник не смее сам да шета опасно куче. Ако сопственикот не го прави ова и не му е јасно зошто е потребно кучето да му е врзано, ќе мора да помине соодветна обука во АХВ – велат во Агенцијата.

Kучињата кои што бидат затекнати во организирана борба, ќе се одземаат од сопствениците и ќе се сместат во прифатилиште.
– Во случај кога куче нападнало човек или животно, се врши процена на околностите во кои се случил нападот. Ако нападот не бил испровоциран или кучето е агресивно, а сопственикот сака да продолжи да го чува, тоа ќе биде кастрирано, а газдата ќе треба да посети обука. Ако не сака да го чува, ќе се изврши процена дали е за удомување, а на сопственикот ќе му се забрани чување опасни кучиња во период од пет години. Ако кучето нападнало човек втор пат, тоа веднаш се одзема и евтаназира, а сопственикот добива забрана за чување какви било кучиња во период од пет години – се вели во законот.

Kазна од 30 евра во денарска противвредност ќе добие сопственикот што не го води кучето врзано. Ако го напушти миленикот, ако ја поттикнува агресивноста и врши хируршки интервенции, казната изнесува 150 евра. Оној што нема да го пријави кучето на ветеринар ќе биде казнет со 30 евра, а толкава е казната и ако на влезот нема табла „пази куче“. Со 3.000 евра ќе се казни физичко лице ако предизвикува болки, патење или повреди на животните. Овие законски одредби и казни ќе ги спроведуваат и државните и општинките комунални инспектори.

{loadposition content9}