Skip to main content

Дали е на повидок нова финансиска криза?

Светот повторно се наоѓа на работ на нова финансиска криза, бидејќи ниските камати во Франција, Германија и другите развиени економиии се зафатени од кризната состојба на пазарот на недвижнини, тврди познатиот американски економист Нуруел Рубини.

 |  Голабовски Крсте  | 
kriza
криза

Светот повторно се наоѓа на работ на нова финансиска криза, бидејќи ниските камати во Франција, Германија и другите развиени економиии се зафатени од кризната состојба на пазарот на недвижнини, тврди познатиот американски економист Нуруел Рубини.

Тој верува дека веќе „надуваниот балон“ на пазарот на недвижнини порано или подоцна ќе „експлодира“. Потоа треба да се очекува нова хипотекарна криза и рецесија во светската економија.

Рубини, кој управува со инвестицискиот фонд „Рубини глобал економикс“, е прв меѓу познатите меѓународни економисти кој предвиде избивање на глобалната криза во летото 2008-ма година, истакнувајќи дека таа голема криза како последица ја имала и серија колапси на пазарите на недвижнини во многу земји, вклучувајќи ги и најразвиените.

Тој потсетува дека хипотекарната криза прво изби во САД, развивајќи се потоа во голем финансиски проблем кој што по најголемата светска економија, ги погоди и Велика Британија, Шпанија, Ирска и многу други земји.

берза„Пет години подоцна, повторно сме сведоци на нови финансиски проблеми, ако не и на „вистински балон“ на пазарот на недвижнини во Швајцарија, Шведска, Германија, Франција и во некои други европски земји, но и Канада, Австралија, Нов Зеланд, а пред се’ во Велика Британија“, уверува Рубини.

На пазарот на економиите што бележат забрзан раст, според него, е забележана појава на „балон“ на пазарот на недвижнини, што е случај со Хонг Конг, Сингапур, Кина и Израел, но и во големите градски центри какви што има во Турција, Индија, Индонезија и Бразил.

Рубини тврди дека во услови на забавен економски раст, висока невработеност и ниска инфлацијата, големата ликвидност, на која влијае политиката на централните банки, доведува до раст на цената на активата, зголемувајќи ја цената на недвижнините.

Сега во многу земји се создаваат услови за повторување на последната криза на пазарот на недвижнини „во забавен режим“.

„Претходната криза не’ научи на еден прост и едноставен закон: Колку е поголем ’балонот’, тоа ќе биде потешко за соочување со реалноста“, додава Рубини.

{loadposition content9}