Демонстрации во Шпанија и Италија како резултат на немирите во Грција
Демонстрации во Мадрид и Барселона организирани против убиството на тинејџер во Атина во саботата, прераснаа синоќа во судири со шпанската полиција при што неколку полицајци беа повредени и 11 демонстранти беа уапсени.
| Крсте Голабовски | Свет
немири
Демонстрации во Мадрид и Барселона организирани против убиството на тинејџер во Атина во саботата, прераснаа синоќа во судири со шпанската полиција при што неколку полицајци беа повредени и 11 демонстранти беа уапсени.
Во Мадрид околу 200 млади лица нападнаа полициска станица во центарот на градот.Полицијата почна кација против нив при што ги растера и уапси неколкумина од нив. Беа запалени контејнери за смет, а една филијала на банка беше каменувана.
Инциденти беа регистрирани и во Рим и Болоња каде петмина полицајци и еден војник беа полесно повредени во судир со демонстранти кои протестираа против убиството на 15-годишниот Алексис Григоропулос во Атина. Судирите избувнаа пред грчкиот конзулат во Болоња.
Во Рим демонстранти фрлаа димни бомби и црвена боја врз зграда на грчката Амбасада. Протести на не повеќе од стотина лица беа организирани и пред грчките конзулати во Неапол и Фиренца.

{loadposition content9}