Објавен календарот на ФИА за 2014
Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го објави календарот за следната година, во која ќе гледаме 19 трки.
Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го објави календарот за следната година, во која ќе гледаме 19 трки. Борбата за бодови ќе стартува на 16. март во Австралија, а ќе заврши на 23. ноември со трката во Абу Даби.Во календарот за следната година има две нови трки – во Русија и Австрија. Иако постоеше можност да гледаме трки и во Мексико, Њу Џерси и Јужна Кореја, сепак тие не најдоа место во новиот календар.
Календар на трки за 2014. година:
16. март Австралија
30. март Малезија
6. април Бахреин
20. април Кина
11. мај Шпанија
25. мај Монако
8. јуни Канада
22. јуни Австрија
6. јули Велика Британија
20. јули Германија
27. јули Унгарија
24. август Белгија
7. септември Италија
21. септември Сингапур
5. октомври Јапонија
12. октомври Русија
2. ноември САД
9. ноември Бразил
23. ноември Абу Даби
{loadposition content9}