Силна снежна бура демне над Северна Европа
На државите од Северна Европа им се заканува големо невреме проследено со обилни снежни врнежи, што се очекува да доведе до проблеми во сообраќајот, поплави и покачување на нивото на Северното Море.
На државите од Северна Европа им се заканува големо невреме проследено со обилни снежни врнежи, што се очекува да доведе до проблеми во сообраќајот, поплави и покачување на нивото на Северното Море.
Во Велика Британија на одделни места во земјата ветровите можат да достигнат јачина и до 145 километри на час, а најтешка ќе биде ситуацијата во северна и западна Шкотска.
Во текот на денот се очекува и Северна Германија да ја зафатат силни ветрови со 140 километри на час.
Се очекува најтешко погоден да биде реонот на Хамбург. Таму аеродромот веќе ги предупреди патниците за евентуални доцнења и откажувања на летови.
Во очекување на бурата се и делови на Белгија, Франција и Холандија, а метеролозите велат дека водата во Северно Море може да се покачи на рекордно ниво за последните 30 години.
{loadposition content9}