Skip to main content

Лавина реакции и контрареaкции предизвика изборот на директор на охридската гимназија

Лавина реакции и контрарекации предизвика изборот на директор на охридската гимназија.

 |  Валентина Неловска  | 
vmro
vmro

По локалната самоупрaва и ОК НА ВМРО ДПМНЕ денес излезе со прес за  вчерашните обвинувања од страна на ОО СДСМ во врска со причините зошто градоначалникот го врати предлогот до Училишниот одбор Јамандиев да биде директор на гимназијата и поништувањето на постапката за избор од страна на трудовиот инспекторат. Пресот  на СДС од Охрид, вчера  имаше само една јасна причина, да го девалвира законот и институциите во Охрид и Република Македонија. Тоа е препознатлив стил на политичко размислување на СДС, само да го покријат своето незаконско работење секаде онаму каде што има индиции за тоа, рече Влатко Враговски претставникот на прес центарот на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Како поинаку да се протолкува вчерашниот нивен настап, ставајќи се на страна на фискултурното трио од гимназијата “Св.Климент Охридски”, освен како врвно непочитување на законите и институциите на Република Македонија, кажа Враговски.
vmro dpmne
„ Тоа е класичен пример за одбегнување на законски процедури, со цел Претседателот на Училишниот одбор, да го исфорсира доскорашниот Претседател на Комисијата за јавни набавки, за директор на гимназијата  “Св.Климент Охридски”. Прашањето кое ние го поставуваме до СДС и  нивните фаворити е дали ова нема поврзаност со сомнителните јавни набавки на гимназијaта Св.Климент Охридски, со цените за ланската училишна екскурзија, повисоки за дури 6000 евра во споредба со годинешната или со  сомнителните набавки на ученички униформи, во која учествуваа фискултурното трио од гимназијата, составено од поранешниот директор на гимназијата, Претседателот на Училишниот одбор и Претседателот на Комисијата за јавни набавки-сегашен нивен фаворит за директор.“

Со кој образ СДС може да зборува за вршење тортури и притисоци врз вработените во образовните институции од страна на градоначалникот Бакрачески, кога истите тие лица кои денес продаваат принципи, само до пред 7 месеци го газеа достоинството на вработените и учениците, со сила и закани носејќи ги на секојдневни партиски митинзи, прашува Враговски.

„ ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески имаат обврска да го спроведуваат законот и да ги почитуваат одлуките на институциите. И тоа ќе се спроведе бескомпромисно. За нас е разбирливо тоа што луѓето кои го направија најголемиот финасиски и материјален масакaр во историјата на Охрид, сакаат да се амнестираат за своите злодела врз иднината на општината“.

Граѓаните нема тоа да го заборават, а сметката која им беше испорачана на последните избори, гледаме дека не била доволна поука за нив. Затоа тие се онаму каде што се наоѓаат, во темните сеќавања на охриѓани, кажа Враговски.

{loadposition content9}