Skip to main content

Авто Кампот Градиште повторно станува актулен

Авто кампот  Градиште повторно станува актулен.

 |  Валентина Неловска  | 
градиште
градиште


Претставниците од министерството за транспорт и врски не го испочитувале терминот за јавна расправа за урбанистичката планска документација за охридските авто кампови, вели Горѓи Танески претседател на здружението „ Оревче“, во кое се сопственици и наследници на имоти во Градиште во процес на денационализација. Танески вели дека како сопственици кои водат судски спор за враќање на имотот во Градиште се непријатно изненадени од ваквата  постапка на ресорното министерство. Јавната презентација била закажана во 15 часот, а кога 50 – тина граѓани од здружението дошле во салата на закажаниот термин расправата  веќе била завршена, а претставниците од министерството веќе си заминале.  Неколку часа порано била одржана расправа  со неколкумина претставници за другите два авто кампови, а на заинтересираните за Градиште само им било сугерирано да ги пополнат анкетните листови, кажува Танески. Тој додава дека  целата постапка со закажување на јавната расправа за урбанистичката планска документација за Градиште била незаконска.   
АКГрадиште
„ Дециден е законот, до разврска на нашиот проблем не смеат никакви активности да се дешаваат во авто кампот Градиште. На 31 мај 2013 градоначалникот Бакрачески доби писмо од Министерството за транспорт и врски и службите во урбанизам не смее ништо да се чепка во Градиште се до решавање со проблемот со денационализацијата.  Тоа писмо го имаат и службите и ние“.  

Ние не се согласуваме со донесување на планската документација се додека нема разврска на проблемот со денационализиција на имотот во АК Градиште, потенцира Танески.  

„ И покрај тоа што сме признаети како поранешни сопственици на одземени имоти сопорцес на експропријација за околу  150 семејства директни и индиректни. Од Второ степена комисија се прифатени нашите барања. Имаме поведено управни постапки до  Управен суд.  Управниот суд му укажува,  ги поништува нивните решенијата и им укажа  на не транспарентност и на донесена не реала цена за имот што треба да се врати. Иако првостепената комисја укажува дека е зеленило и нема да се врати тие  во меѓувреме донесуваат урбанистичко  планска документација  времено сместување А4  П+1 некој гледа да си профитира , а ние чекаме 13 години и сеуште нема никаква разврска“.
Градиште
Танески кажува дека на 60 седница, на претходниот состав на Локалната самоуправа кон крајот на март, била отфрлена одлуката за стопирање на легализацијата на бесправно изградените објекти врз земјиштето кое е предмет на денационализација.

ТВМ се обиде да стапи во контакт со службите на Министерството за транспорт и врски и да добие неколку одговори. Се наметнува прашањето зошто не се испочитувал закажаниот термин и расправата се одржала 2 часа порано, а другиот е зошто не се почитувало писмото од 31 мај 2013 година  под број 443821 од министерот Јанакиевски за да не се легализираат бесправно изградените објекти во АК Градиште, како што наведува Танески.
Но, коментарот од ресорното министерство не успеавме да го добиеме до затварање на дневникот.


{loadposition content9}