Бурата „Ксавиер“ ја пустоши Европа
Во невремето кое во четвртокот ја погоди Велика Британија, а потоа и Германија и скандинавските земји, загинале пет лица, а настанал и хаос во сообраќајот. Освен авио-сообраќајот, кој во целост е нарушен, запрени се и возовите и траектите, додека стотици илјади домови останале без струја.
Во невремето кое во четвртокот ја погоди Велика Британија, а потоа и Германија и скандинавските земји, загинале пет лица, а настанал и хаос во сообраќајот. Освен авио-сообраќајот, кој во целост е нарушен, запрени се и возовите и траектите, додека стотици илјади домови останале без струја.
Метеоролозите предупредуваат дека ураганот „Хавиер” би можела да биде најјаката која го погодиле континенталниот дел на Европа во последните години, а британските власти соопштиле дека бариерата на Темза која што го штити Лондон, е сериозно загрозена.
Се очекува дека оваа бариера, која е направена за да го заштити Лондон од поплави во текот на силните морски плими, би можела вечерва да биде затворена поради „најсериозните бранови на плимата, најголемите во повеќе од 60 години во Англија”.
Во Британија две лица го загубиле својот живот бидејќи се нашле на удар на ветар силен со повеќе од 225 километри на час, а загинал и еден возач на камион, додека четворица се повредени кога возилото се превртело и удрило во друго возило.
Истовремено, повеќе од 100 илјади домови останале без струја ширум Британија, а од нафтените платформи во Северното море, работниците биле евакуирани а производството запрено. Возовите во Шкотска не сообраќаат, а спасувачките екипи биле повикани да се приклучат во спасувањето на луѓе во северен Велс, додека 15 илјади лица биле евакуирани од источниот британски брег, пренесува агенцијата Reuters.
Проблеми со транспортот има во цела севернозападна Европа, авио-летовите од и до меѓународниот аеродром во Копенхаген вечерта биле откажани, како и сите летови од аеродромот во Хамбург, на северот од Германија. Федералните власти издале и предупредување до жителите на овој град дека во сабота ги очекува големо невреме, и предложиле евакуација во делови од градот, и по текот на реката Елба, наведува AP.
Некои училишта во северна Холандија, поради невремето ги распуштиле децата, во пресрет на традиционалната холандска верзија на Божиќ – Синтерклас.
Во Данска и Норвешка полицијата го повикала населението да остане во своите домови, како би ги избегнале силните удари од ветрот, а властите на северната холандска провинција Фризија патролирале долж насипите, за што побрзо да ја санираат штетата од високата плима, откако било прогнозирано дека плимата ќе биде повисока за 3,3 метри од нормалното. AFP додава дека холандксата авио-компанија KLM откажала 84 континентални летови од аеродромот во Амстердам, а биле откажани и неколку домашни летови во Шведска.
{loadposition content9}