Кучиња скитници го сардисаа Охрид
Кучиња скитници го сардисаа Охрид. Ги има насекаде, но најмногу во близина на градскиот пазар, во населбата Расадник, како и на пешачката патека од центарот за обука на вода. Голем број од нив и напаѓаат, па речиси нема ден а да некој не се пожали дека бил преплашен, нападнат или каснат од нив.
Групи од по десетина кучиња скитници окупираа делови од Охрид. Граѓаните мака мачат со овие незгрижени животни кои ги има речиси насекаде. Некои од нив се удобно сместени во фотељи, ги има по тротаорите, парковите, а слободно поминуваат и по пешачките премини. Освен што сеат страв меѓу минувачите, голем број од нив и напаѓаат, па речиси нема ден а да некој не се пожали дека бил преплашен, нападнат или каснат од нив. Охриѓани со апел до надлежните овој проблем што поскоро да се реши, посебно заради децата.
„Кучето е животно што треба да биде заштитено, но и градот треба да води грижа за кучињата. Што се однесува на тоа има и некои кои се лоши кои трчаат по луѓе јас само едно можам да кажам дека треба да се води сметка за нив. Кучиња има колку сакаш незнам што ќе правиме, заради децата не толку заради нас, скитници има колку сакаш. Ако треба да се згрижат теба да се згрижат нека направат собиралиште и кучињата да се тргнат од овде бидејќи ги има многу“.
Овој проблем не е нешто ново за ЈП „Охридски Комуналец“. Според Стефан Маслов координаторот на проекти во јавна хигиена и до нив секојдневно имло дојава на загрижени граѓани за присуството на кучиња скитници. Тој вели дека во изминатиов период се обиделе генерално да го решат проблемот за што бил изготвен и проект за изградба на регионален стационар за кучиња за 4 општини, Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани. Набавиле комбе специјално за таа намена, опрема за заловување на кучиња и обучиле кадар, но останатите општини не покажале доволно интерес за
„Овој проект не се реализира значи имавме повеќе состаноци од 4 те општини но не најдовме на заеднички јазик околу финансиите. Сакам да напомнам дека овој проблем е генерален проблем и во цела Македонија не е само во Охрид и треба да се најде едно заедничко решение во интерес на граѓаните“.
Факт е дека во Охрид повеќе од потребна е Европски модерна шинтерска служба, категоричен е Маслов, но без финансиска поддршка на Локалната се тоа е невозможно, додава тој. Маслов вели дека континуирано работат на проекти кои се однесуваат на изнаоѓање соодветно решение за згрижување на кучињата скитници за што веќе било формирано и здружение за заштита на животните. Исто така во делот на финансирањето постоело интерес од англиска фондација да помогне за изградба на прифатен центар секако повторно во соработка со локалната. Додека пак портпаролот на Локалната самоурава Томе џамтоски ни предложи прилогот да го одложиме до вторник, иако уредно и навремено побаравме информација два дена претходно. На нашето инсистирање да добиеме одговор денес ни беше кажано дека градоначалникот се занимавал со посериозни работи.
{loadposition content9}