Здруженијата на пензионери од повеќе градови потпишаа меморандум за соработка и играа шах
Здруженијата на пензионери од Охрид и Дебрца, Струга, Кичево, Ресен и Демир Хисар со турнир во шах се приклучија кон одбележувањето на големиот празник Свети Климент Охридски.
Пензионерите од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Ресен и Демир Хисар денес одржаа еден турнир во шах за мажи и жени.
Тие си ги одмеруваа силите во овој древен спорт во чест на големиот христијански празник, „Свети Климент Охридски-Чудотворец“. Учесниците на турнирот добија признанија, како и благодарници за здруженијата на пензионери за учество во турнирот, додека екипите за освоени први, втори и трети места ќе добијат дипломи и пофалници. Воедно здруженијата на пензионери потпишаа и меморандум за меѓусебна соработка. Пензионерите денес беа посетени и од страна на заменик-градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев.
Тој беше запознаен за сите предизвици со кои се соочува оваа категорија на граѓани, и им вети продлабочување на соработката помеѓу локалната и здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.
{loadposition content9}