Skip to main content

Исполнета сала, волшебни музички ноти, рецитали-синоќа се одржа свечената академија по повод „Св. Климент Охридски“

Во исполнета сала, со бројни гости од најразлични профили, уметници, спортски работници, луѓе од политичката сцена, граѓани, синоќа во фантастична атмосфера се случи свечената академија по повод празникот „Свети Климент Охридски“-заштитникот на градот.

 |  Мишел Наумоски  | 
akademija
академија

Со свечените звуци на „Денес над Македонија“, нашата химна, хорот при охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ синоќа го означи почетокот на свечената академија по повод празникот на светителот „Климент Охридски“, патронот на нашиот град.

hor gimnazijaКултурни дејци, политичари од локалната политичка сцена, пратеници во Собранието на Македонија, уметници, спортски работници, градоначалници на градовите-пријатели на Охрид, граѓани, синоќа ја проследија академијата по повод „Свети Климент Охридски“.  Градоначалникот Бакрачески во својот поздравен говор рече дека безвременото дело на Свети Климент е наша духовна, културна и национална инспирација и дека „Секоја генерација има своја одговорност во градењето на иднината и развој на нацијата. Нашата одговорност е соочување со денешните предизвици и изнаоѓање на вистинските решенија за натамошното опстојување.“

violinist akademija„Охрид заслужува просперитетна иднина. Натоварен со славата и честа на нашите претходници, со светоста и смиреноста во ѕидањето на духовната и култур   ната кула на знаење и му дрост, ние сегашните генерации имаме исклучителна одговорност да го надградиме тој однос кон нашиот град. Потребно е целосно посветено и преку вклучување на целиот интелектуален, економски, духовен, културен, политички и општетствен потенцијал, да придонесеме во натамошното надградување на овој вечен град. Тоа е нашата должност кон генерациите кои ќе доаѓаат и после нашето заминување од овоземскиот свет, но тоа е и огромна обврска кон оние свети личности и нивните дела со кои тие трајно го обележаа Охрид како брилијантно парче во мозаикот на европските цивилизациски вредности. “-рече градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

svecena akademija Sveti KlimentВо духот на продолжување на делото на големиот просветител Климент Охридски, академијата со своите нежни виолински звуци ја збогати младиот и талентиран Даниел Мојсовски во пијано придружба на професорот Даниел Ќуркоски. За црковната и свечена атмосфера придонесе и актерот при Народниот театар од Охрид, Стрезо Стаматоски со извадоци од православниот молитвеник рецитирани на старословенски и македонски јазик, а проследени од хорот „Свети Климент Охридски“ под раководство на професорот Александар Димоски. Со нивните совршено синхронизирани ноти и прекрасната изведба на „Боже чувај ја од зло“ од нашиот Тоше Проески воедно беше и спуштена завесата на годинешната свечена академија.

Нека е вечно и честито името на нашиот светец и заштитник, Свети Климент Охридски, со аманет вечно да го чуваме неговото дело, онака како што неговата светост го чува градот, и охриѓани.


{loadposition content9}