Децата да ги учиме на здрав начин на живот
Децата да ги учиме на здрав начин на живот.
Промовирани прирачници за здрава исхрана и боенка за деца од авторката Весна Пирузева Петровска. Мојата намера е со прирачниците да им го посочам на луѓето правилниот начин на исхрана за да имаат здрав живот, вели авторката. Во напливот на различна литертура да бидат умешни како да ја изберат вистинската која води кон здрав живот, затоа што несоодветните може да ги упатат кон погрешни патеки. Предупредува на претпазливост кон користењето на разни нутриционистички совети и диети од непроверени извори на интернет.
„ Најчесто младата популација се служи како со најдобар учител, а на интернет се објавуваат и погрешни работи кои ги прифаќаат здраво за готово, а притоа не размислуваат. Тука е мојата намера да земат книга и да прочитаат од луѓе кои ја знаат својата работа да го научат правилното, а не по кратка патека и се што е брзо не знам дали тоа води кон добри резултати.“
Покрај неколкуте изданија посветени на здравата исхрана, Пирузева Петровска ја промовираше и детската боенка насловена како „ Македонски овошни приказни“. Боенката има порака до родителите во исхраната на децата да ги вклучуваат што повеќе свежото овошје и зеленчук.
„На младите мајки им советувам здрави намирници д а вметнуваат во исхраната на децата. Како што тоа некогаш го правеле мајките кои не трчале по готови оброци туку самите ги подготвувле. Тука се витамините и минералите, основите за раст на вашето дете. Во боенката е опфатена и темата за овошјето преку кое децата ќе научат повеќе работи ќе го развиваат македонскиот литературен јазик , ќе учат за нутритивните вредности во овошјето и што е најбитно за македонското овошје кое вирее кај нас“.
Весна Пирузева Петровска веќе работи на нови проекти кои ќе бидат насочени кон здравиот начин на исхрана. Работи на збирка рецепти за подготвување на здрава храна и литература со совети за физичка активност кои придонесуваат за здрав живот исполнет со енергија.
{loadposition content9}