Охриѓани во последен момент одлучуваат каде ќе патуваат за Нова година
Охриѓани во последен момент одлучуваат каде ќе патуваат за Нова година.
Охриѓани сакаат да патуваат за новогодишните празници надвор од својот град. Навики за патување за време на празниците имаат, но традиционално чекаат да изберат дестинација во последен момент, напоменува Елида Битрак од ТА „Елида тур“с.
„ Мислам дека поголем е интересот за патување за новогодишните празници отколку за божиќните празници. Тие ги сметаат како семејни и сакаат да останат дома со своето семејство“.
Празниците се спојуваат и со зимскиот одмор. Охриѓани најчесто избират како најповолни дестинации за зимски одмор во Боровец и Банско. Секако на изборот за празнични патувања влијаат и финасиските можности, кажува Битрак.
„ Има одредена група на клиенти кои постојано патуваат, тоа зависи од нивниот дух. Но важен е и финансискиот фактор.“
Инаку, за охриѓани во моментов најпривлечни се понудите за дочек на Новогодишната ноќ во Истанбул кој изнесуваат 5 900 денари, а интерес има и за аранжманите во Виена. Сограѓаните со подлабок џеб ги избираат поскапите аранжмани како што се крстарења по Медитеранот, Кариби и Канарските острови, а тука се и патувањата во Дубаи и Израел, кои чинат околу 1000 евра.
{loadposition content9}