Хилари Клинтон ќе добива помала плата од Кондолиза Рајс
Хилари Клинтон ќе добива помала плата како државен секретар на САД од Кондолиза Рајс.
| Крсте Голабовски | Свет
Хилари Клинтон
Хилари Клинтон ќе добива помала плата како државен секретар на САД од Кондолиза Рајс.
Согласно законите на САД ниеден конгресмен не може да биде назначен за владин функционер, ако за време на неговиот мандат во Конгресот добил покачување на платата. Клинтон нема да може да добива 191.300 долари годишно, како Рајс бидејќи и била зголемена платата на 186.600 долари годишно за време на нејзиниот втор сенаторски мандат.
Двата дома на Конгресот денеска ќе гласаат за враќање на платата на државиот секретар на претходното ниво.
Покрај ограничувањата, Клинтон може да добие зголемување на платата во Сенатот. Во моментот сенаторите добиваат плата од 169.300 долари, а за в година се очекуваа истата да биде зголемена на 174.000 долари годишно.
Хилари Клинтон ќе остане во Конгресот се додека Сенатот не ја одобри нејзината нова функција – државен секретар, откако новоизбраниот американски претседател Барак Обама стапи на должност на 20 јануари 2009 година.

{loadposition content9}