Побавни гуми во Ф1 за сезоната 2014
Ексклузивниот снабдувач на гуми во Формула 1 – Pirelli, обезбедил поконзервативни гуми за 2014 година, како што беше кажано на крајот од штотуку завршената сезона.
Ексклузивниот снабдувач на гуми во Формула 1 – Pirelli, обезбедил поконзервативни гуми за 2014 година, како што беше кажано на крајот од штотуку завршената сезона.
Компанијата доби зелено светло за тест на новите колекции во Бахреин во рок од три дена со Red Bull, Ferrari, Mercedes и Toro Rosso. Останатите тимови одбија да учествуваат.
За време на сесиите ќе бидат тестирани неколку различни мешавини за соодветните видови на гуми, но сите се со кевлар појас. Pirelli го смени со челичен во почетокот на 2013 година, по што од ГП на Унгарија се наметна промена на смесите и повторно беше вратен кевларниот појас.
Тестовите се започнати, но првите пилоти како Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон не учествуваат. Во Red Bull како пилот е Себастијан Буеми, во Mercedes, Нико Розберг, во Ferrari Педро де ла Роса и Жил Бјанки, а во Toro Rosso Жан-Ерик Верние и Даниел Кват.
{loadposition content9}