Македонија го заврши Европското првенство на седмо место
Македонската женска ракометна репрезентација синоќа ја совлада Белорусија со 29:24 со што го избори најголемиот успех досега на Европските првенства, 7-то место.
ракометарки

Македонските ракометарки уште од самиот почеток доминираа на теренот носени на крилјата на шест илјадната публика во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Белорусија даваше отпор до дваесеттата минута, кога при водство на нашата селекција од три разлика, беше направена мини серија од 4:0 за уверливо водство од 17:11. Највисокото водство Македонија го имаше на пет минути пред крајот, кога поведе со 29:19, по што дојде до мало опуштање.
За титулата најдобар на континентот престојниот викенд во Скопје ќе решаваат репрезентациите на Германија, Русија, Норвешка и Шпанија.
Македонската женска репрезентација досега има едно седмо место до Светските првенства и едно осмо место од Европските првенства.

{loadposition content9}