Skip to main content

Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето

Oхриѓани го сефтосаа монтажното лизгалиште на градскиот плоштад. Тие задоволни од оваа нова содржина која престојните празници ќе ги направи уште поубави.

 |  Јаковлева Лионела  | 
lizgaliste
лизгалиште

 

Охриѓани го сефтосаа лизгалиштето. Синоќа тоа беше свечено отворено со неколкучасовен музичко сценски хепенинг и настап на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски.
Градоначалникот Никола Бакрачески се обрати пред бројната публика искажувајќи задоволство од реализацијата на овој проект. Тој најави интересни содржини и за наредните денови до дочекот на Новата година и вети дека организацијата на Новогодишните, Божиќните и Богојавленски празници секоја наредна година ќе биде се подобра.

Се надевам дека ние како Општина, заедно со јавните претпријатија и сите луѓе кои го сакаат Охрид, ќе успееме и во овие зимски месеци да го направиме привлечен градов како за неговите жители така и за гостите. Во наредниве денови ќе имате можност да се забавувате и рекреирате со содржини со кои се надевам ќе ги развеселиме и стоплиме вашите срца. Ова лизгалиште е нова содржина како за најмладите така и за повозрасните. Тоа е убава можност за сите кои знаат да лизгаат а за тие кои не научиле одлична шанса да ги научат првите чекори во лизгањето-,истакна градоначалникот Бакрачески.лизгалиште

Помладите танцуваа и се забавуваа заедно со Дедо Мраз кој им делеше балони и шеговити зборови. Охриѓани не го криеја  задоволството  од отварањето на лизгалиштето и на музичкиот хепенинг.

Граѓаните задволни од новата атракција во градов, но со по некоја забелешка за локацијата каде е тоа поставено. Имаше коментари и за елката на плоштадот. Велат дека подобро би било да биде наместена на тревнатата површина бидејќи сега има премногу содржини на плоштадот па во голема мера се стеснува овој простор.

Инаку, лизгалиштето е поставено во соработка со фирма од Австрија. Таа го изнајми просторот на плоштадот каде тоа ќе биде монтирано до крајот на јануари, а за што на општината и платила комуналии. Висината на комуналиите е нешто помала од вообичаеното бидејќи австријците и локалците се договориле цената на билетот за лизгање еден час да чини 100 денари наместо 150 или 200 како во другите градови каде има ваква атракција. Целта на општината е со пониска цена на билетот да се привлечат што повеќе посетители. Од таму велат дека се договориле со сопственикот на лизгалиштето во одредени денови тоа да може да се посети бесплатно, а предвидени се бесплатни курсеви по лизгање за средношколците и за децата од ранливите категории на граѓани. За наредната година ќе се прават напори општината да ја купи опремата од австриската фирма, како би можело секоја наредна година да има лизгалиште на плоштадот.

{loadposition content9}