Вевчани се подготвува за карневал
„Биди и ти вистински василичар“, е годинашниот слоган за престојниот вевчански карневал, манифестација стара околу 1450 години, која секоја година се одржува за Стара Нова година и празникот Василица. Од општина Вевчани најавија низа новини во поглед на организација и можност не само вевчанци туку и гостите доколку сакаат да бидат дел од поворката под маски.
Вевчани се подготвува за карневал. Многу забава, интересни содржини за сите од најмладо до најстаро, ветуваат организаторите на карневалот. Престојниот безграничен театар под маски, кој традиционално се одржува за Стара Нова година и празникот Василица, ќе биде во една беспрекорна организација и сосема поинаква од изминатите години, ветува првиот човек на општина Вевчани, Цветомир Угриноски.
„Карневалот ќе трае повеќе и започнува на 10 и ќе трае до 14 јануари 2014. гостите ќе бидат дочекани од насделението сите капацитети ќе бидат отворени,а подготвени ќе бидат и вевчанските угостителски објекти. За оние кои што ќе нема во вевчани ќе обезбедиме сместување во Струга и охрид. Годинава пристапот во Вевчани ќе биде до влезот на вевчани а до селото ќе има организиран превоз со комбиња“ – вели Угриноски.
Како новина на карневалот е тоа што се враќа дел од старата традиција, односно најдобрата групна маска ќе се добие 40 литарско вевчанско буре вино, вели Мишо Китаноски од организацијата на вевчанскиот карневал. Тој додаде дека детското василичарско катче за изработка на маски, натпревари во греано вино и ракија, тркалање буриња, влечење јаже, цепење дрва се само дел од активностите со кои Вевчанци и нивните гости ќе бидат анимирани во карневалските денови што ќе започнат на 10-ти јануари со промоција на книгата на Ристо Никоски, а на 11-ти со вечер на афоризми со настап на 6 истакнати афоризмичари и концерт на КУД Дримкол Вевчани.
„Дваесет и деветата меѓународна културно научна манифестација „Печалбарски денови“, Вевчанското културно лето ВЕВКУЛ 2014 и општина Вевчани од срце доделуваат буре изработено во крушево наполнето со вевчанско вино од 40 литри. Жири комисијата што ќе го доделува бурето ќе биде составена од новинари.“ – вели Китаноски
Секој што сака може да се маскира, да биде дел од василичарската поворка и секој кој што ќе дојде ќе може да влезе во одредените домови, односно дрвени куќички кои ќе бидат поставени на вевчанското пазариште, како би го почуствувале духот на карневалот на вистински начин, изјави Ема Темелковска од Идеа Лаб, агенцијата која е задолжена за организација на карневалот.
„Целиот брендинг е направен во истиот контекс со што сакаме да ги повикаме сите луѓе не само од Вевчани, сите оние кои собираат нервоза и стрес да дојдат на 12-13 на единствената манифестација без режим без стеги и да уживаат во духот на вистинските василичари.“
Забавниот дел на програмата од вевчанскиот карневал ја презентираше претставникот на општина Вевчани, Ѓорги Влaјкиноски.
„ Дванеесети јануари е посеветен на забавниот дел. Гости ќе ни бидат познати ди џеи, продолжуваме со Куку леле, Ѓоко Танески – најави Влајкиноски.
Вевчани за време на Василица досега го посетувале околу 10 000 илјади гости но овој пат очекуваат три пати повеќе. Според кажувањата на мештните за време на одржување на карневалот сите вевчанци кои не можат да дојдат на карневалот се маскираат каде и да се.
{loadposition content9}