Претставени новите службени униформи на АРМ
Офицерите и подофицерите на АРМ ќе добијат нови службени униформи, кои вчера беа презентирани во Домот на АРМ во Скопје.
Офицерите и подофицерите на АРМ ќе добијат нови службени униформи, кои вчера беа презентирани во Домот на АРМ во Скопје.
Во изработката на униформата во тегет боја учествувале повеќе модни дизајнери и стручни соработници, а изработувач на прототипот е АД „Тетекс“ – Тетово.
Kомплетот службена униформа (панталони, кошули, палто, капут, шапка, вратоврска…), кој за мажи чини 16.265 денари, а за жените 18.125 денари, за целосно опремување ќе ја чини армијата 45 милиони денари. Kако што беше појаснето на презентацијата, униформата главно ќе биде изработена од 65 проценти волна и 35 проеценти полиестер.
Со динамичкиот план на опремување на припадниците на АРМ ќе се почне во 2014 година. Во 2014 и 2015 година, најави началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горано Kотески, се планира да се изврши целосно опремување на припадниците на АРМ со новите службени униформи. Тој истакна дека новата службена униформа по изгледот, дизајнот и квалитетот е подобра од досегашната.
{loadposition content9}