„Најжешките“ актери за 2013
Магазинот “DigitalSpy” ги прогласи актерите Рајан Гослинг и Џенифер Лоренс за најсекси славни личности во 2013 година, според анкетата во кои учествуваа неколку десетици илјади читатели.
Магазинот “DigitalSpy” ги прогласи актерите Рајан Гослинг и Џенифер Лоренс за најсекси славни личности во 2013 година, според анкетата во кои учествуваа неколку десетици илјади читатели.
Поранешниот дечко на Ева Мендез и оскаровката и ѕвезда на филмот “The Hunger Games”, зад себе ги оставија Дејвид Бекам, односно Скарлет Јохансон.
Убавата Џенифер минатата година беше прогласена за најпосакувана жена во изборот на магазинот “AskMen”, а Гослинг ја понесе истата титула оваа година во анкетата на магазинот “Empire”.
На листата на пет најсекси славни личности во двете категории се најдоа уште и Том Дејли, Ченинг Тејтум, Бенедикт Камбербач, Мила Кунис, Никол Шерцингер и Мишел Киган, како и веќе споменатите Дејвид Бекам и Скарлет Јохансон.
{loadposition content9}