Skip to main content

Локалната со пакетчиња ги израдува дечињата во Општата болница и болницата „Свети Еразмо“

Тие на дечињата им подарија триесетина новогодишни пакетчиња и ветија дека оваа активност ќе продолжи во текот на целиот празничен период.

 |  Мишел Наумоски  | 
paketce
пакетче

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставниците од локалната самоуправа денес го ширеа празничниот дух. Тие ги посетија детските одделенија при Општата болница од Охрид и специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“. Во двете детски одделенија тие поделија околу триесетина новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Бакрачески рече дека ова е само мал придонес во подигнување на нивото на среќа кај најмалите.

Bakraceski paketcinja„Нашите активности во поглед на доделување на новогодишните пакетчиња ќе продолжат во наредниве неколку денови, во неколку градинки, секако тука ќе бидат и децата на социјално-загрозените семејства и категориите на граѓани со посебни потреби, , односно нивните најмили. Секако дека тука ќе бидат вклучени и децата со посебни потреби така да овие се редовни активности на локалната самоуправа кои што нема да завршат само за новогодишните празници, но истото имаме намера да го правиме и во наредниот период за време на Божиќните празници и за време на празникот Богојавление-Водици.“-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Пакетчиња на дечињата им делеше и советникот во Советот на општина Охрид, Павел Попоски.

„Оваа локална власт им посветува големо внимание на овие установи и од мене како независен советник локалната власт има потполна поддршка за псоета на ваквите категории на лица, односно секогаш ќе има поддршка кога е во прашање здравството, односно уставновите кои се од здравствен карактер во Охрид.“-рече Павел Попоски, советник во Совет на општина Охрид.

detsko oddelenie bolnicaДенешната празнична посета, ја поздрави и директорот на специјалната болница „Свети Еразмо“, д-р Митко Тилевски.

„Му благодарам на градоначалникот и на претставниците на општина Охрид за оваа посета денес, пред новогодишните празници и оние кои доаѓаат после тоа, што не посети, ги посети пациентите во одделот каде што се лекуваат пациенти во рана детска возраст, каде овој оддел е единствен за вакви дијагнози. Се надевам дека и понатака нивното присуство и соработката со локалната ќе биде, ние сме подготвени да придонесеме се во интерес на пациентите.“-изјави директорот на специјалната болница за ортопедија и трауматологија, „Свети Еразмо“ од Охрид, д-р Митко Тилевски.

Инаку на средбата на градоначалникот со раководните лица во овие здравствени установи беше разговарано и за некои од проблемите со кои тие се соочуваат во своето работење како и начините на кои локалната би можела да помогне за надминување на истите.

{loadposition content9}