Skip to main content

Се затега обрачот на рибокрадците во Охридското езеро

Се затега обрачот на рибокрадците во Охридското езеро. Р. Македонија и Албанија градат меѓусебна соработка. Денес тие во Струга се договорија како ќе делуваат од двете страни, со цел да се стави крај на рибокрадството во Охридското Езеро.

 |  Николоска Биљана  | 
ribari
рибари

ribariЗасилени мерки за сузбивање на рибокрадството во Охридското Езеро. Од денес за прв пат во историјата на рибарството ќе се прават заеднички контроли во Охридското Езеро и од албански и од македонска страна, со цел да се искорене рибокрадството. Тоа е во согласност со Законот за рибарство и аквакултура, а на терен ќе делуваат граничните полиции, како и инспекторатот од  Албанија и Македонија. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, нагласи дека со оперативните зафати што ќе ги преземат во периодов што следи рибокрадците од двете страни ќе ги стават во безизлезна состојба.

„Денес ставаме крај на политиката на еквидистанца. Тоа го правеа политичари и партии кои не донесоа ништо добро на Р. Македонија. Ние одиме со градење на доверба со визија за подобро утре во регионот и сметаме дека доколку има било какви дистанци меѓу институциите или државите неможе да има просперитет, благодет или напредок“ – вели Стаменов.
„Покрај тоа што е интензивирана соработката на повисоко ниво меѓу Тирана и Скопје помеѓу министерствата, ова е еден начин на побрзо продирање на информациите помеѓу двете министерства тука на пониско ниво меѓу полициите. Со брзата размена на информациите се зголемва можноста за соработка.“– изјави Леонард Манелари инспекторот за рибарство од Р. Албанија.

ribariЗа податоците од терен, колку мрежи досега се запленети во Охридското Езеро, информира Јован Бојчовски,  Државниот инспектор за земјоделство. Тој нагласи дека контролите ги прават заедно со концесионерот на Охридското Езеро.

„Имаме запленето преку 2283 мрежи, поднесени се само од страна на инспекторатот 4 кривични пријави 147 прекршочни пријави, издадени се 187 платни налози во вредност од 115 000 илјади евра.

Инаку, според податоците на Државниот инспекторат за земјоделство, како што кажа Бојчовски, бележат зголемен број на пријави дури за 100% во споредба со минатата година. Тоа се должи пред се на активноста на сите субјекти кои се за заштита на рибниот фонд, инспекторатот, концесионерот и езерската полиција. Бојчовски тврди дека во споредба со минатата година имаме намалување на рибокрадството за 80%.

{loadposition content9}