Skip to main content

На Европското ракометно првенство и без Филип Лазаров?

Селекторот Ивица Обрван се соочува со уште поголеми проблеми во пресрет на Европското Првенство во Данска, откако повреда во текот на вчерашниот ден заработил и левиот бек Филип Лазаров.

 |  Голабовски Крсте  | 
Filip LAzarov
Филип ЛАзаров

Селекторот Ивица Обрван се соочува со уште поголеми проблеми во пресрет на Европското Првенство во Данска, откако повреда во текот на вчерашниот ден заработил и левиот бек Филип Лазаров.

Оваа информација ја објави дневниот весник „Вечер“, потенцирајќи дека не станува збор за мал проблем, туку по се изгледа за скршеница на коска во дланката, што би значело и повеќемесечна пауза за капитенот на „вардарци“.

Filip LAzarovНа националниот тим вчера му се приклучи капитенот Кире Лазаров, но наместо со тоа да се крене атмосферата меѓу „црвено-жолтите“, подготовките во Пореч биле нарушени со повредата на Филип. Ова ќе претставува дополнителен проблем за стручниот штаб со оглед на ионака минималниот избор на бековската позиција. Во ситуација кога Мојсовски е повреден, а Вугринец не доби право за настап на ЕП, изборот на селекторот Обрван беше крајно лимитиран, па се очекуваше товарот на бековската позиција да падне на капитенот Кире Лазаров, како и на Миркуловски и на Филип Лазаров. Со новиот развој на настаните, сега сигурно далеку позначителна минутажа ќе добијат Стојчевски и Пецаковски.

Само за потсетување, Македонија се наоѓа во групата А од европскиот шампионат што од 12 јануари ќе стартува во Данска, заедно со домашната селекција, како и репрезентациите на Чешка и на Австрија. Првите три репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман во следната фаза од шампионатот.

{loadposition contact9}