Децата со посебни потреби од „Доброљубие“, добија новогодишни пакетчиња од ГРОМ
Новогодишни пакетчиња добија децата со посебни потреби од Дневниот центар „Доброљубие“, а старите лица од геријатрија вкусни домашни специјалитети подготвени од Унијата на жени ГРОМ. Со денешнва акција сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се случуваат најубавите работи и се остваруваат желбите, велат од Унијата на жени на оваа политичка опција.
Младите и Унија на жени од Гром, денес ги посетија децата со посебни потреби, кои се згрижени во Дневниот центар Доброљубие во просториите на Црквата Св Ѓоргија Охрид. Како што наближуваат новогодишните и Божиќните празници кај секој од нас се буди желба за дарување и дружење, вели Ивана Кикеска од Унијата на жени. Додава дека дечињата имаат скромни желби, посакуваат само топла насмевка и малку внимание, а за возврат даваат безусловна љубов и благодарност. Со денешнва акција сакаме да ја поткрепиме и поттикнеме мислата на дечињата дека празниците се денови кога се случуваат најубавите работи и се остваруваат желбите, нагласи Кикеска.
„Ние денес дојдовме овде да донесеме скромни поклони, и да им ги честитаме со многу љубов и почитување новогодишните и Божиќните празници ги чуствуваме како дел од нас, бидејќи знаеме дека е човечки да им се помага на луѓето.“
Кикеска смета дека ваквите активности во иднина не треба да се случуваат само за време на празниците туку треба да ги има во континуитет преку цела година.
„Јас сум многу возбудена дека денес дојдовме овдека кога ги гледам овие дечиња ми доаѓаат солзи во очите, но сепак се чиствувам прекрасно дека дојдовме и дека малку ги израдувавме“.
Од Унијата на жени ГРОМ денес ги посетија и старите лица кои прстојуваат во геријатрија при општа болница Охрид. Им донесоа вкусни домашни специјалитети кои сами ги подготвиле специјално за нив. Исто така им дадоа грејно тело, кое било повеќе од неопходно за некоја од собите во одделението. Од Унијата на жени на ГРОМ од Охрид велат дека хуманитарните активности се дел од нивната програма и во наредната година.
{loadposition content9}